Tuesday, June 9, 2015

MAX FACTOR COLOUR INTENSIFYING BALMS


Пред некое време Макс Фактор излезе со нови продукти за усни (Colour Intensifying Balms), кои што ми привлекоа големо внимание, посебно поради специфичната формула, која што од субтилна и нежна со неколку слоеви плус се добива екстремна и силна боја.
Јас сум голем фан на балсами во боја, па затоа решив да пишам рецензија за овие па ако сте заинтересирани продолжете да читате.


Паковањето им е обично, не е најлуксузното што сум го имала ама сепак ми се допаѓа. Капакот е доволно цврст да не се скрши, или да се отвори додека го носите во чанта (ми се сличило тоа често пати со други кармини).

Многу ми се допаѓа фактот дека се многу хидратантни, и вие сами одлучувате колкав ќе биде интензитетот на бојата, што е многу добро. Познавам многу девојки што не се осмелуваат да користат интензивни и есктремни бои, па овој производ би бил совршен затоа што од обоен балсам се претовра во силно пигментиран кармин.

Достапни се во 5 нијанси, од кои што јас имам 3 (20- Luscious Red, 25-Voluptuous Pink, 30 Refined Rose).



 30 Refined Rose - Мојата омилена нијанса, нежна а сепак доволно впечатлива, одлична нијанса за секојдневен ненападен изглед.



20- Luscious Red - Со еден слој е преубава корална нијанса, но со билдање на бојата се добива преубава интензивно црвена боја, која трае со часови.



25-Voluptuous Pink - Како сите нијанси и оваа со еден слој е нежно розева нијанса, а со повеќе слоеви е многу интензивно барби розева нијанса совршена за летен период.


Начин на нанесување за најдобри резултати:

  • Чекор 1: Нежно ексфолирајте ги усните.
  • Чекор 2 : Нанеси еден слој од производот за да ја видиш бојата.
  • Чекор 3: Билдај ја бојата, со секој нареден слој ќе добиеш по интензивен ефект. 5-иот слој ќе ти овозможи да го добиеш максималниот интензитет на таа нијанса.

Како што забележавте во текстот погоре јас сум многу задоволна од балсамиве, и ми се "must have"  за летово и последниов период ги користам секој ден. Имам слични на овие балсами од Кларис, цената е многу различна дупло повисока а добивате скоро ист продукт.
Тотално ги препорачувам, цената им е 470 ден и се достапни во сите парфимерии низ Македонија каде што ја има козметиката на Макс Фактор.

1 comment:

  1. Hi there my dear! I just want to ask if we can follow each other on GFC?

    Please leave a comment on our blog!

    http://kstylick.blogspot.com

    You can also follow us on Facebook and Instagram.

    https://www.facebook.com/Kstylick
    https://instagram.com/kstylick/

    we will follow you back! XOXO

    Korean Fashion

    ReplyDelete