Monday, January 2, 2017

New in + Mini Reviews | 2017

Прво да ви честитам Среќна Нова Година само убавини да ве следат. Морам да ви се заблагодарам за целата подршка што ми ја пруживте и што достигнавме бројка од над 500.000 прегледи.
За денес ќе читате за некои новитети од препаративна и декоративна козметика за секој од овие производи ќе има посебна рецензија ама сакав и да ви представам за што ќе читате во новата 2017 година.
Дел од производите се порачани од новиот онлајн шоп за декоративна и препаративна козметика http://shop.depileve.mk/, сега професионалната козметика е достапна и за "домашна" употреба. Производите ги добивате на домашна адреса во рок од 48 часа. Јас сум многу задовона и ви препорачувам да ги разгледате проиводите затоа што дефинитивно се работи за многу квалитетни производи.
Во текстот подолу можете да прочитате и рецензии за производите.

Кармини:

Catherine Arley Day' N' Night Matt 04 - Нијансата е преубава топла светло кафена нијанса, изгледа малку портокалево изгледа одлично и на потемни и на посветли очи. Има погуста текстура и е многу пигментиран единствен минус е што многу ги суши усните.

Nyx Lingerie Push Up -  Имаше различни критики за карминиве и решив да ги пробам само поради прекрасните нијанси, задоволна сум од пигменираноста и долготрајнсота.

Sleek Matte me Birthday Suit - Омилен кармин, преубава нијанса лесна текстура многу пигменирани и што е најважно предолготрајни. Го препорачувам вреди за секој денар.

Malena Mat Lipstick 119, 128, 110 - Карминиве на Малена се само 120-130 ден, ама се предобри за таа цена, имам 3 нијанси деновиве ќе напишам рецензија плус swatches од нијансите.

Golden Rose LongStay Eyebrow Pencil - Незнам дали некогаш имам користено подобро моливче за веѓи. Еден од најдобрите производи вреди за секој денар ви го препорачувам да го пробате. Наскоро целосна рецензија.

Nyx Jumbo eye pencil in Milk - Бело моливче барав долго време и најдобра и најевтина опција ми беше ова од Nyx. Препигменирано е и супер долготрајно, многу сум задовона.





Max Factor False Lash Epic - Маскарите на Макс Фактор ми се слабост и скоро сите ги имам пробано и оваа е најнова и наскоро очекувајте целосна рецензија.

Catrice Longlasting Eyeshadow 020 Pret a Perle - Никогаш доста од од златни нијанси, оваа е од најновата колекција на Catrice козметика на среден тен одлично би изгледала и како хајлајтер.
Наскоро целосна рецензија со swatch од нијансата.

The Balm Mary Lou Manizer - Конечно во мои раце, хајлајтеров е преубав и вреди за секој денар. Очекувајте целосна рецензија.



Ebelin Konjac Sponge - За овој сунѓер читав само пофални зборови и морав да го пробам, го купив од ДМ по цена од 150 ден.

Balea Cleansing Gel - Гелот на Clinique ми се потроши и додека да купам нов решив да го пробам на Balea колку за промена и за цена од 150 ден е повеќе од одличен.


Anesi Aqua Vital Exfoliant & Face Mask - Производиве ги порачав од www.shop.depileve.mk и едвај чекам да ги пробам, особено за маската имаше многу позитивни рецензии. Наскоро целосна рецензија.


Kaypro Argan Oil Hair Mask - Маскава прави чуда на косата, ПРЕДОБРА Е! Многу ви ја препорачувам да ја пробате интензивно ја хидрира косата ја обновува и ја прави лесна за расчешлување. Со само првата употреба косата ми беше многу помека и поеластична. 



7th Heaven Face Masks - Маскиве ми се омилени и веќе 2 години не прекинато ги користам, многу сум задоволна, особено од Blemish Mud одлична е за комбинирана кожа.
Исто така и овие маски се порачани од www.shop.depileve.mk


Anesi EyeLash Serum - Серумов уште кога го видов ме заинтересира, пишуваше дека го потикнува растот на трепките и веѓите за само 28 дена веќе почнав да го користам и ке  пишам рецензија и пред и потоа фотографии.


Дали вие ги имате користено овие производи?

3 comments:

  1. I have discovered your blog from by blogger friend and I have read this post with Translate. These products looks really good. I wish you a very happy new year my dear!!! I hope to see you on my blog. Kisses from Italy,
    Eni

    Eniwhere Fashion
    Eniwhere Fashion Facebook

    ReplyDelete
  2. I must admit that I did fail on following a strict diet of protein since it's quite expensive to constantly buy the pre-packed meals everyday.have tried different diet plans and exercise routines but I always end up losing weight then gaining weight after a couple of weeks. http://t-rexmuscleadvice.com/platinum-xt-1000/

    ReplyDelete
  3. Drive more Traffic to website.simple ways to increase the amount of traffic that you are getting to your website
    or Blog to become brand.
    Get SEO Driven Organic traffic to your website.


    Drive more traffic to your website

    ReplyDelete