Monday, April 29, 2019

Biomed Органска Козметика



Здраво после подолго време. Денес ви пишувам рецензија на производи за нега на кожата. Сите производи се од германскиот бренд Biomed.
Органски се и со квалитетни состојки.

Омилен производ ми е дефинитивно Детокс кремата за лице. Ја користев тој период кога кожата ми беше многу сува, иритирана и со акни. После 1 месец од користење кожата дефинитивно многу позитивно ми се промени. Ми беше посјајна, не ја чувствував затегната или сува и акните полека почнаа да се повлекуваат. Секако дека редовно правам различни третмани за лице што ми помагаат во борбата со акни. 
Овој крем го користев 2 пати дневно после чистење на лицето. Би го препорачала за секаков тип на кожа. Не ја масти кожата ама сепак многу ја хидрира. 



Следен производ што го добив беше Biotox се работи за серум што би требало да биде на некој начин и природен ботокс т.е. да ги измазни линиите на лицето и кожата да изгледа поздраво. Овој серум го тестираше една девојка што ми е мноу блиска. Нејзините впечатоци беа дека добила по здрав изглед и по мазна текстура ама во однос на линиите не приметила никакво подобрување. 

https://drive.google.com/uc?export=view&id=1tylQwJKkGsBsJV6vnSEQRoYytBF1TrEn

https://drive.google.com/uc?export=view&id=124p7lDI_7Kb_PGWj9C7SOsBIqYKQfcXE
Возбудена бев многу дека добив серум за трепки. Најчесто сум многу скептична во однос на овие производи затоа што до сега сите производи од овој тип ме оставиле рамнодушна. 
Овој серум ме изненади позитивно иако морам да признаам не сум редовна во негово користење. Приметив разлика особено после користење на вештачки трепки. Трепките не ми беа оштетени и на местата каде што немав толку волумен или беа по празни добив нови трепки. 

Biomed има многу производи, би ви препорачала да го посетите нивниот сајт и да ги разгледате производите. Особено ако сте заитересирани во козметика со проверени состојки. Јас имам код од кој што не заработувам ама вие добивате 30% попуст. Кодот е BLOGROSEE
Линк до сајтот: https://www.biomedorganics.de/en/home
На инстаграм често споделувам рецензии па можете да ме следите таму. Мојот инстаграм е @beautyblogbyazize

Friday, February 22, 2019

Sofi Kozmetika/Рецензија



Денес ви пишувам рецензија за едно ново откритие. Јас обожавам да купувам производи за нега на лице/тело и цело време сакам да пробам нешто ново. Оваа козметика за која што ќе пишувам денес е природна и затоа сакав да ви напишам рецензија затоа што има врвен квалитет.

Паковањето е прекрасно, едноставно е практично и многу убаво на изглед што ми беше жал да ги отварам. Достапни се сапуни за лице, креми, маска за лице и природни дезодоранси.



Ќе почнам со кремите. Достапни се 2 креми, едната е за сува кожа, другата е за комбинирана и мрсна.
Софи природна крема БАДЕМ 08 - Кремата е наменета за сува кожа, каква што е мојата во моментов. За кремава морам да признаам бев многу скептична ама многу пријатно ме изненади. Ми даде доволно хидратација и воопшто не ја чувствував тешко или мрсно на кожата. Кожата не ја чувствував затегнато и одлична е за под шминка. Ако барате лесна а хидратантна крема оваа е совршена.

Софи природна крема од ХАМАМЕЛИС - "Кремата од Хамамелис е наменета за нега на мешовита кожа за нега преку ноќ и ден. Одбраните состојки ши путре, јојобино масло, масло од семки од грозје и карпилно-карпински триглицериди ја омекнуваат кожата без да направи масен финиш." Како што напоменав кожата ми е моментално по сува па оваа крема ја чувам за лето кога кожата ќе ми биде по мрсна.

 Сапуните ми се омилен дел од ова откритие. Секој сапун е изработен со природни состојки прилагодени за одреден тип на кожа. Имам пробано сапуни од различни компании и секогаш кожата ми беше многу сува или иритирана после употреба. Од овие сапуни добив тотално спротивен ефект и многу сум задоволна.

Природен Сапун Витамин + - Овој сапун е за сите типови на кожа и е изработен со додаток на витамин Е, пантенол, масло од рузмарин и лаванда, какао путер и активен јаглен. Низ него има зрна мак што даваат ефект на благ пилинг. Кожата никогаш не ми била посвежа и по сјајна. Сапунов е одличен и веќе ми е прикрај. Едвај чекам да дојдам Македонија и да купам залихи затоа што и сопругот го користи и многу е задоволен. Го користам секојдневно 2 пати дневно и немав никаква негативна реакција. Одлично ги чисти остатоците од шминка и другите нечистотии.

Природен Сапун со Активен Јаглен и Глина - Овој сапун повеќе би го препорачала за мрсна кожа или ако секојдневно нанесувате течна пудра. Изработен е од активен јаглен и глина и дава длабоко чистење на кожата. Јас го користам неколку пати неделно или кога имам нанесено повеќе шминка од вообичаено.

Природен Сапун Лаванда и Камилица - Смирувачки сапун за сите типови на кожа. Етеричното масло од лаванда и камилицата делуваат на намалување и спречување воспалителни процеси и иритации.

Природен Сапун со Цимет - Пилинг сапун со мак и ким. Наменет за сите типови на кожа. Длабински ја хидрира кожата и ја прави мека.

Природен Сапун со Невен и Бадем - Сапун за чувствителна кожа.

Природен Сапун со Чоколадо и Портокал - Сапун со 7% какао путер. Какао путер е богат путер кој ја храни кожата, ја ревитализира и ја одржува еластична. Комбинацијата од какао путер и етерично масло од портокал е одлична нега на сува кожа.

Софи Природна Маска - Маска за листење на лице. Активниот јаглен делува антибактериски, ја собира маснотијата од кожата на лицето и спречува воспалителни процеси. Одлична е за секаков тип на кожа. Јас ја нанесувам само на т-зоната затоа што тој дел ми е проблематичен со црнки и акни. Од ефектот сум многу задоволна. После употреба лицето ми е чисто и порите помалку видливи. Многу ја препорачувам особено дека не ја иритира и суши кожата-


Природен Дезодоранс - Незнам како сум заборавила да го сликам дезодорансов кој што е одличен и го користам секојдневно. Прво мирисот ми беше многу интензивен ама кога доаѓа во контакт со кожата многу ми се допаѓа. Многу е долготраен и мирисот се чувствува цел ден.



Оваа природна козметика многу ми се допаѓа и дефинитивно ви ја препорачувам да ја пробате. Цените за квалитетот што го нуди се предобри. Имаат различни продукти па верувам дека секој ќе си најде нешто за себе. Овие сапуни можете да ги најдете во ДМ дрогериите, но не сум сигурна дека ги имаат сите па затоа најдобро да ги порачате од онлајн страната каде што има и дополнителни информации за секој производ. http://www.ddpureshop.com/

Beautyblogbyazize е мојот инстаграм профил каде што секојдневно споделувам рецензии за декоративна и препаративна козметика.

Wednesday, February 20, 2019

Mac Face and Body Foundation Review



Денес ви пишувам рецензија на течната пудра на Mac Face and Body. Оваа пудра е многу популарна па верувам дека веќе имате прочитано нешто за истата. Мене ми е must have во несесерот особено кога шминкам други. Според мене оваа течна пудра е класика во светот на шминката.
Јас обожавам течни пудри со фул покривност, ама кога кожата ми е во добра состојба и за преку ден преферирам нешто полесно, доволно да ми изедначи тен и да има долготрајност. Оваа течна пудра е токму тоа. Има многу воденеста текстура и лесна покривност. Дава преубав блескав изглед особено ако ја нанесете со прсти. Лесно се надоградува за средна покривност без да изгледа премногу.


Јас би ви препорачала да нанесете прво тенок слој од пудрата, да почекате да се сетира па потоа уште еден на местата каде што имате потреба за повеќе покривност. Тоа што многу ме изненади е колку и да ја надоградувате нема да изгледа премногу. Се топи со кожата и дава "second skin" ефект.

Оваа течна пудра често ја мешам и со други  пудри особено ако се со густа текстура за полесно нанесување и по природен финиш.


Нијансата што ја имам е C2 и ми одговара совршено. Mac има голем избор на бои/нијанси под тонови па верувам дека секој ќе си ја најде совршената. Оваа пудра доаѓа во 2 паковања едното е од 50 мл а и во поголемо од 120 мл што е многу исплатливо и за цената добивате многу производ.

Мене многу ми се допаѓа и ја користам секојдневно и сум презадоволна.

Секојдневно објавувам рецензии на мојот инстаграм па ако сте заинтересирани следете ме на @beautyblogbyazize

Monday, December 10, 2018

Kiko Milano Makeup Review

Здраво на сите! Денес ви пишувам рецензија на Kiko Milano козметиката. Се двоумев дали да пишувам рецензија затоа што се работи за бренд што не е достапен во Македонија меѓутоа го има во голем дел на Европа и во соседните држави па можеби рецензијата ќе ви биде од корист.


  • Kiko Milano Unlimited Double Touch - Овој кармин ме освои на прв поглед, прво затоа што нијансата е прекрасна и затоа што има производ од двете страни. Ретко користам кармини во "јаки" бои кога имам секојдневна шминка па затоа најчесто купувам различни нијанси на "нјуд" или по нежни секојдневни нијанси. Овој кармин ја има совршената боја и текстура за мене. Карминот може да се користи и самостојно ама а многу сув па затоа би ви препорачала да нанесете и малку балсам за усни. Со сјајот пак се поклопуваат совршено и се многу долготрајни.
  • Kiko Milano Lip Pencil - Овие моливи ми се откритие на годината! За цена од 2 евра добивате одличен производв. Текстурата е мека и буквално се лизга по усните има одлична пигментираност и се многу долготрајни. Јас ги имам во нијанса 354 и 356. Двете нијанси се комбинираат одлично со нјуд кармини. 354 е потопла нијанса додека 356 е ладно кафена нијанса.

  • Kiko Milano Stripling Brush - Оваа четка ми беше на "wish" листа долго време ама неможев да се одлучам од кој бренд да ја купам. Кико има одличен избор на четки и дефинитивно многу квалитетни. Со оваа четка ја нанесувам течната пудра и ефектот што го дава е прекрасен.  До сега нема паднато ниту едно влакно иако ја користам и чистам скоро секој ден.

  • Kiko Milano Radian Blush 01 Mauve - Руменилото дефинитивно е ѕвезда на оваа објава. Прво морам да си признаам дека го купив најмногу заради паковањето кое што е прекрасно. Спаковано е во "rose gold" паковање и изгледа многу луксузно. Нијансата е Mauve и одговара на сечиј тен. Немав ваква нијанса во мојата колекција па оваа беше полн погодок. Самото руменило содржи светки во него и дава многу свеж изглед. Не е многу пигментирано па затоа лесно се аплицира.

  *Swatches од нијансите.

Кико како бренд многу ми се допаѓа па дефинитивно би пробала и други производи. Кои се вашите омилени производи и што вие би ми препорачале?

Следете ме на инстаграм за повеќе рецензии. @_bbeautyblogger_

Sunday, December 2, 2018

Golden Rose Total Cover Foundation Review

            
Здраво на сите после долго време. На мојот инстаграм профил гласавте за рецензија на Total Cover течната пудра на Голден Роуз па затоа денес ви пишувам за истата. (@_bbeautyblogger_ ми е инста профилот ако сакате да ме следите, често објавувам рецензии таму.)

           

Уште кога прв пат ја видов пудрава на страната на Голден Роуз бев заинтересирана да ја пробам. Самото име Total Cover беше тоа што најмногу ме привлече и фактот дека оваа пудра е достапна во 20 нијанси.

Паковањето е квалитетно и практично. Пудрата доаѓа со пумпа што функсионира одлично. Текстурата е прилично густа и кремаста па затоа треба повеќе време за нанесување. Јас ја нанесувам со сунѓерче во два тенки слоеви затоа што сметам дела на тој начин изгледа најприродно и се нанесува најбрзо. Иако е густа не е тешка на лицето. Пишува total cover ама оваа пудра има средна покривност. Не би ви препорачала да ја надоградувате затоа што може многу да се познава.
            
Ефектот што го дава на кожата е многу убав. Не е потполно мат и многу ми се допаѓа затоа што во текот на денот изгледа се поубаво и поубаво. Кожата моментално ми е посува па оваа пудра ми трае цел ден без потреба за поправки. Не ми ги истакнува сувите делови ниту порите. Најважно од се не ми предизвика никаква реакција на кожата како акни или црнки.
Исто така за по природен ефект после нанесување прскам фиксатор исто од Голден Роуз и потоа уште еднаш тапкам со сунѓерчето за да се изгуби тој брашнест ефект од камената пудра и се за се соедини. Ефектот е многу поубав и подолготраен на овој начин.

               

Мојата нијанса е 03 Almond. Светла нијанса со изразен жолт подтон.

Оваа пудра многу ми се допаѓа и ја користам скоро секојден. Често ја нанесувам и како коректор во помали количини и задоволна сум од покривноста што ја добивам.