Wednesday, April 18, 2018

Wet'n'Wild Photofocus Foundation Review



За пудрата на Wet n Wild Photofocus добив многу пораки па верувам дека многу од вас чекаат рецензија. Знам дека многу порано требаше да ја објавам ама кожата не ми беше во најдобра состојба па затоа се одлучив да почекам и доволно да ја тестирам пред да напишам било што.

Пудрата е спакована во стаклено паковање од 30мл и се дозира со помош на шпатула, што мене ми се допаѓа и ми делува практично.

Текстурта е многу течна и некако се осеќа суво, многу ме потсеќа на Estee Lauder Double Wear по текстурата.
Има многу чуден и интензивен мирис.
Брзо се суши па би ви препорачала да ја нанесувате по делови и побрзо за да избегнете флеки. Покривноста е одлична, за целосна покривност најчесто нанесувам два слоеви, има мат финиш и иако нема потреба за камена пудра јас сепак преферирам да ја фиксирам.


На почетокот кога ја користев оваа пудра никако не ми одговараше затоа што кожата ми беше многу сува, па ми ги истакнуваше сите суви делови.
Почнав да ја користам во комбинација со богато хидратантни креми, па ефектот беше сосема поинаков. Повторно добивав мат ефект ама дефинитивно во поприродна форма. Па мој совет е секогаш пред употреба неколку минути пред шминкање нанесете хидратантна крема за да добиете подобар ефект.

Најдобро се нанесува со сунѓече затоа што е со потечна текстура па со помош на сунѓерчето подобро се соединува со кожата, со четка потешко се бленда а и некогаш остануваат линии.

Јас ја имам нијансата Soft Ivory изразено светла нијанса со жолт подтон.

*(Пудрата нанесена во еден слој)

Пудрава ми се допаѓа, и можеби би ја купила повторно ама за летен период во потемна нијанса кога кожата ми е помрсна.
Исто така би ја препорачала за нормална и мрсна кожа, на сува не би одговарала затоа што има изразен мат финиш.

1 comment: