Monday, March 12, 2018

Aura Brow Products Review



Едно од најпоставуваните прашања ми е за веѓите, и затоа денес решив да ви напишам рецензија за новите производи што ги користам и како сум задоволна.

Долго време користев помада за веѓи ама дефинитивно ми одземаше многу време па ми требаше нешто ефикасно и брзо. Затоа се решив за новите производи на Аура.

Aura BrowMatic се моливчињата за веѓи и многу сум задоволна. Паковањето е многу пактично затоа што моливчињата се самоостречки и содржат мала четка за обликување. Тектурата е кремаста ама сепак доволно цврста за прецизно нанесување. Многу ми се допаѓа што добивам совршен ефект ама сепак многу природен изглед.
Јас ги имам во нијансата brunette i dark brown.



Brow Art е производ во форма на прав. Прв пат користам производ од ваков вид за веѓи и многу ми се допаѓа затоа што ако имате форма на веѓите и ви треба производ што само ќе ги згусти и да добиете боја дефинитивно ви ги препорачувам да ги пробате.

Brow Fix Gel е последниот чекор за се да си остане на место цел ден. Заводолна сум од тоа како ги фиксира веѓите и од долготрајноста. Апликаторот е со совршена големина да одговара на потенки и на подебели веѓи.

Јас секогаш ги користам трите производи во комбинација, најпрво започнувам со моливчињата, па ако сакам малку по истакнати веѓи додавам и од пигментот па на крај фиксирам со гелот. Оваа комбинација многу ми се допаѓа и често добивам комплименти за веѓите.




Како што можете да забележите од фотографијата ефектот е многу природен ама сепак веѓите добиваат совршена форма и боја.
Јас сум многу задоволна и дефинитивно би ги купила повторно.


1 comment: