Friday, May 5, 2017

Best Drugstore Concealer?


Денес конечно ви пишувам пост за еден од моите омилени коректори а тоа е на Catrice течниот камуфлаж. Трошам веќе 5 паковање а дома имам и залихи за секој случај. 👼
Во текстот подолу ќе читате повеќе детали.
Паковањето му е класично за течен коректор. Ништо преелегантно или луксузно ама за цената е супер. Тоа што најмногу ми се допаѓа е самата текстура и нијансите. Текстурата е густа и кремаста ама сепак лесна и се суши во потполно мат финиш. Откако ќе се фиксира ја измазнува кожата и потполно се соединува со течната пудра и кожата ја прави совршена.


Ги имам сите 3 нијанси и сите се светли и прекрасни, омилена за зимски период ми е 005, а летно време ја користам 020 двете се со жолт подтон а 010 е со неутрален.


Покривноста му е средна до целосна, ама јас никогаш не нанесувам повеќе од еден слој затоа што сметам дека нема потреба. Исто така иако се фиксира во мат финиш сепак би ви препорачала да го фиксирате плус со пудра во прав или камена пудра.

На фотографијата подолу можете да видите пред и потоа од коректорот. Јас немам проблем со подочници и коректорот го користам само за осветлување. На фотографијата имам тенок слој од коректорот ако нанесете повеќе покривноста е поголема.


Мене не ми се собира во линии ама јас секогаш го фиксирам со плус камена пудра.
Исто така дека е водоотпорен и многу долготраен  е одличен за летно време кога температурите се повисоки. Супер функсионира и  како база за сенки или за хајлајт под веѓите.
Најдобро се нанесува со влажно сунѓерче за течна пудра.


Коректоров е предобар може да се користи за повеќе намени, многу ви го препорачувам.

Цена 239 ден.


No comments:

Post a Comment