Wednesday, May 3, 2017

Како вашата шминка да трае подолго?




Ако немате соодветна рутина за шминкање особено во летно време кога температурите се повисоки шминката може да ви изгледа размачкано или да ви се снемува од лицето.
Особено сега пролет/лето кога имаме повеќе прослави и шминката треба да ни трае подолго и да изгледа барем приближно добро како моментот кога ја нанесовме. Денес ќе читате за некои мои трикови и кои производи јас ги користам за совршена и долготрајна база. А ако базата ви е совршено нанесена целата шминка изгледа многу поубаво.

  • Нега на кожата

Многу е важно прво добро да ја исчистите кожата, со добар нежен гел за лице совршено ќе го отстраните вишокот на мрснотија и во комбинација со четка за чистење на лицето ќе направите благ пилинг за да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата.
Потоа нанесете добар хидатантен гел/крем за да избегнете пудрата да ги истакнува сувите делови од лицето. Јас преферирам да користам во вид на гел затоа што побрзо се впива во кожата, не изгледа мрсно на лицето а сепак се добива одлична хидратација.
Мој предлог за гел за чистење на кожата ако имате мрсна/комбинирана кожа е на Avene Cleance Gel, хидратантен гел на Avon Hydration Gel Cream.

  • База за лице
Порано ретко кога користев база затоа што сметав дека немам потреба, ама базата е таа што ќе направи порите да се се скоро невидливи и течната пудра поубаво да изгледа на лицето.
Плус некои бази даваат и мат изглед па пудрата подолго време ќе изгледа мат. Јас база нанесувам само на т-зоната.
Мој предлог за база е на Avon Mark мат базата. Имам веќе пишувано рецензија на блогот.

  • Течна пудра
Изборот на течната пудра е многу важен. Јас купувам најчесто течни пудри со полу мат ефект, или мешам една со сјајен луми финиш и една мат. Преферирам пудри со средна до целосна покривност. Омилен начин на нанесување ми е со влажно сунѓерче за пудра и секогаш се водам според правилото помалку е повеќе, прво нанесувам тенок слој на течна пудра па потоа додавам уште еден на местата каде што имам потреба.
Мој предлог за долготрајна течна пудра е на Revlon Colorstay oily/combo skin и Rimmel Lasting finnish Foundation во комбинација со Maybelline Fit me, Estee Lauder Double Wear.

  • Коректор
Коректор најчесто користам за хајлајт и го купувам барем во една до две нијанси посветла боја од мојот тен. Преферирам водоотпорен коректор со средна покривност и мат финиш.
Нанесетего под очите, на носот малку на брадата и на челото па потоа добро исенчајте го со сунѓерче за совршено да се соеднини со останатата шминка.
Мој предлог за коректор е на Catrice Liquid high coverage concealer.

  • Камена пудра или пудра во прав
За да ја фиксирате течната пудра и коректорот, нанесете тенок слој на камена пудра или пудра во прав. Ако имате сува кожа нанесете пудра во прав само на местата каде што нанесовте коректор за да спречите да се собере во линии или да исчезне во текот на денот.
Мој предлог за камена пудра е на Rimmel Stay Matte Powder.

  • Бронзер, хајлајтер и руменило
За да додатете боја на лицето користете мат бронзер за контурирање, хајлајтер и руменило. За хајлајтерот да ви трае подолго и да биде по интензивен прво нанесете хајлајтер со кремаста структура па потоа хајлајтер во камена текстура. 
Мој предлог за бронзер, хајлајтер и руменило е палетата на Fredoom Makeup.

  • Фиксатор
Последен ама најважен чекор е фиксаторот. Фиксаторот ќе направи целата пудра совршено да се " стопи " на лицето, шминката да изгледа по природно и да не се чувствува тешко на лицето и што е најважно шминката ќе трае со часови и ќе изгледа совршено како моментото кога сте ја нанеле.
Мој предлог за фиксатор е на Golden Rose и е еден од најдпобрите што ги имам пробано.



Совет плус: Ако се шминкате сами за некоја специјална пригода избегнувајте производи кои што содршат spf т.е. заштитен фактор а да го избегнете лицето да ви изгледа премногу бело за разлика од останатиот дел од телото.

4 comments:

  1. Дали фиксаторот на Голден Роуз може да се користи и пред течната пудра, конкретно за влажнење на бјути блендерот?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Go nemam probano za taa namena ama bas ke go probam i vo naredniot post za Golden Rose ke napisam dali moze i taka da se koristi. :)

      Delete