Monday, April 17, 2017

Ingrid Cosmetics Eyeshadow palette review



Верувам дека веќе сите имате некаде видено или прочитано за некој производ од брендот Ingrid. Јас имам користено дел од нивните производи и многу сум задоволна за таа цена, oсобено би ги издвоила минералната течна пудра и пудрата во прав.
Денес ќе читате за мат сенките. Имав потреба од пигментирани мат палети распоредени од најсветла до најтемна. Особено ми беше важно да се добро пигментирани а сепак да се по прстапна цена. Кога ги видов овие палети беа совршени како што барав, а во текстот подолу ќе читате како сум задоволна.


Овие палети се спаковани во пластично паковање со проѕирен капак, ништо луксузно ама сепак се практични и доволно квалитетни за да не се скршат при првиот пад.
Сите палети имаат по 5 бои, распоредени од посветла до потемна,
Пигментацијата е одлична, особено од светлите нијанси сум многу изненадена. За цена од 200-250 ден, овие палети имаат одлична пигментација. Трајноста е многу задоволителна ако се користат со плус база. Единствен минус е што малку се ронат при употреба.

Ingrid Eyeshadow palette 02 - Оваа ми се омилена за секојдневно користење. Нијансите се прекрасни, ненападни и одлично пигентирани. Многу лесно можете да креирате нежен секојдневен изглед или подраматичен зачаден изглед.

Ingrid Eyeshadow palette 03- Исто како и палетата 02 и оваа палета е прекрасна ниајнсите се баш уникатни а сепак не се нападни. Јас ја користам за секојден затоа што нијансите се по нежни или ја комбинирам со други палети.

Ingrid eyeshadow palette 05  -  Ова е дефинитивно мојата пролетна палета. Имам и туторијал со оваа палета кликнете тука за да ја видите одличната пигментација.


Ingrid Eyeshadow palette 04 - Има комбинацја на розефкасти и лилави нијанси. Стои прекрасно на секоја боја на очи.



Палетиве се одлични, особено ги препорачувам ако сте почетник во шмнкањето па ви треба мала палета со нежни бои распоредени од најсветла до најтемна со што ќе ви се олесни шминкањето.

1 comment: