Tuesday, April 25, 2017

Rimmel The Only Matte Lipstick Review



Пролет/лето ми е совршен период за црвен кармин. Во комбинација со совршено нанесен туш и сјајна кожа мислам дека изгледа совршено а сепак шминката не изгледа досадно.
Денес ќе читате за еден од моите омилени црвени кармини се работи за новите The Only Matte кармини на Римел.
Карминот е спакован црвено паковање, изработено многу квалитетно да не се отвори при носење во чанта.
Целата колекција има 9 нијанси од кои што јас ја имам 500 take the stage класична црвена, имам многу поскапи high end црвени кармини ама текстурата од the only matte ми е дефинитивно омилена.

Бојата е прекрасна црвена стои одличн на сечиј тен, се нанесува многу лесно буквално се лизга по усните, дава чуство како да поминувате со кадифе. Текстурата е потполно мат и што е најважно не ми ги суши усните. Многу сум задоволна и од долготрајноста трае со часови, нормално после јадење треба уште еднаш да се нанесе.


Ако сте во потрага по совршен мат кармин, што е лесен за нанесување има супер долготрајност и што е најважно пристапна цена би ви го препорачала овој на Rimmel. :)

6 comments:

  1. Никогаш немам користено кармини на Rimmel, ниту една нијанса не ме привлекла досега.
    Меѓутоа, овој мат кармин одлично изгледа, а и пакувањето многу ми се допаѓа :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
    Replies
    1. И јас исто и со овој кармин сум многу пријатно изненадена. Исто пробав и течна пудра и сум презадоволна. :)

      Delete
  2. Многу ми се допадна овој кармин. Браво за Rimmel. Ама некако последниов период сакам да носам сјаеви за усни, ми треба пауза од мат кармините. Препорака за некој сјај за усни со црвена боја?
    Дали си ги пробала новите сјаеви на Essencе? Ми изгледаат привлечно .

    ReplyDelete
    Replies
    1. На Essence немам пробано ама го купив на Golden Rose Color Sensation во една преубава нјуд нијанса и презадоволна сум изгледа преубаво на усните.
      Мислам дека имаат една линија Rich Color и знам дека имаат сјаеви во појаки бои и многу пигментирани па би ти препорачала некој од нив да си пробаш. :)

      Delete
  3. odlicna boja, super ti stoi. preubava <3


    http://donnaoctober.blogspot.mk/
    https://www.instagram.com/donnaoctober/

    ReplyDelete