Sunday, January 8, 2017

Makeup Revolution Flawless Matte 2 Review



Како што веќе знаете Makeup Revolution ги имаме во Македонија и јас веќе пробав мал дел од нивните производи. Најмногу се израдував на Flawless Matte 2, се работи за палета со 32 мат сенки во неутрални и во поладни и потопли нијанси.




Во Македонија е тешко да најдеш палета со мат нијанси особено по пристапна цена и добар квалитет. 


Во оваа палета добивате 32 мат сенки, ама интензитетот т.е. пигментираноста зависи од нијанса до нијанса. 
Светлите нијанси се послабо пигментирани а потемните се со одличен квалитет и многу лесно се сенчаат една со друга.
На допир се по тврди и не се ронат многу при нанесување. Омилена и најкористена ми е втората страна од палетата особено црвенкастите нијанси.


Пред да ги нанесам светлите нијанси прво нанесувам бело моливче на капакот па добивам одлична пигментираност. Палетава ми е прекрасна и многу често ја користам, има многу нијанси па одлична е како за дневен така и за вечерен изглед.
Ако сте љубители на мат нијанси особено во вакви розефкасти, лилави, неутрални и црвенасти нијанси оваа палета многу ви ја препорачувам.
Често ги користев и без база за сенка и многу сум задоволна од долготрајноста, сенките не ми се собираа на капакот иако имам мрсна кожа. 


Паковањето е класично за Makeup Revolution црно пластично паковање, на горната страна е испишано логото од брендот. Ми се допаѓа што во самата палета има огледало. Единствен минус е што пластиката е сјајна па после некое време изгледа неуредно затоа што секој допир се познава.



Можете да ја најдете во сите продажни места на Golden Rose козметика.

Цена 795 ден. 

2 comments:

  1. when I'm thinking about "how to lose weight" calories, together with food, were the enemy! True if you think of it from the food side of things, but if you think of easy ways to burn them, they become your friend. To get rid of all those extra pounds, can be far easier than you thought.
    http://t-rexmuscleadvice.com/platinum-xt-1000/

    ReplyDelete