Monday, October 17, 2016

Catrice Ultimate Stay Lipstick Review



Денес ви пишувам рецензија на еден прекрасен кармин од Catrice Cosmetics, која што полека ама сигурно е еден од моите омилени "drugstore" брендови.

Амбалажата е практична црно елегантно мат пакување, карминот цврсто се затвара што е супер нема да се отвори при носење во чанта.
Мене овој кармин најмногу ме изненади со текстурата, која што е  многу кремаста и буквално се лизга по усните, се нанесува многу прецизно и има голема пигметација. Доволно е да нанесете само еден слој за да ја добиете посакуваната боја.
На усните остава некој полу мат кадифен финиш незнам како поинаку би го опишала. Најважно од се многу лесно се чувствува, ниту најмалку не ги суши усните баш напротив баш ги хидрира. Не навлегува во лините од усните ниту пак се разлева.


Сега најважното трајноста, самото име кажува ultimate stay што значи долготраен е, трае околу 4-5 часа, нормално после јадење трeба уште еднаш да го нанесете, ама кога се брише се брише потполно исто и не изгледа не уредно.

(После 2 часа од нанесувањето)





Јас ја имам нијансата 080 Passion Red, преубава темно црвена нијанса совршена ѕа овој период од годината, секако планирам да купам уште некоја по неутрална нијанса за секојден зато што се работи за кармин со голем квалитет.

Дали вие го имате користено овој кармин?
Кој ви е омилен кармин ѕа есен-зима?


 Пишете во коментарите подолу па да споделиме искуства. :)

3 comments:

  1. Секогаш за твоиве објави имам само позитивни впечатоци,но би те замолила кога зборуваш за некој продукт да ја кажуваш и неговата цена. Така би сакала да те прашам која е цената на карминов и во која парфимерија го имаш купено?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти благодарам, мило ми е што ти се допаѓаат објaвите. Цената на овој кармин е 339 ден.

      Поздрав :)

      Delete