Wednesday, October 14, 2015

New in #Fall

Здраво на сите, еве ме денес со нов пост. Имам многу нови работи за есен/зима и сакав да ги споделам со вас, некои почнав да ги користам и имам и мини рецезнии.
Овие постови ми се омилени, а според статистиките на блогот и вас ви се омилени. Се надевам дека ви се допаѓа. :)


Шминка


Sleek Contour Kit (medium) - Сет за котури, има мат нијанса за котур и една по светла за хајлајт. Ќе пишам детална рецензија.

Sephora Lipstick 21 - Преубава светло кафена нијанса, карминов е одличен многу пигментиран и усните ги прави многу меки, многу е дологтраен вреди за секој денар.

H&M high impact eye color (stargazer)  - Преубава темно сина нијанса со многу светки, премногу пигментирана и долготрајна.

Clarins Beauty Flash Balm - Продуктов е многу познат по интернет се изначитав еден куп позитивни коментари и морав да го имам. Навистина по нанесувањето кожата изгледа многу убаво, дефинитивно не е за секојдневна употреба особено затоа што се работи за многу скап продукт, а и секојдневно немаме потреба од ваков тип на продукти.

Estee Lauder Double Wear Foundation (1N2 Ecru) -  Пудрава ми беше на "wish list" долго време, ама секогаш викав дека немам потреба од толку покривна и тешка пудра. Ја купив и не згрешив затоа што не е воопшто тешка, ама сепак мислам дека ќе остане да ја користам само за некои специјални пригоди. Наскоро детална рецензија.






Maybelline Fit me Foundation (105) - Пудрава одговара на нормална/сува кожа, ја купив иако имам комбинирана кожа со мрсна т-зона, на почетокот многу се покајав за изборот затоа што никако не ми одговараше. Ама многу лесна пудра е, па пробав да ја користам со мат подлога па ефектот беше одличен. За секојдневна употреба е супер.

Maybelline Fit Me concealer - Еден од најфалените продукти на youtube искрено очекував чуда, а добив ништо! Премногу се добира во линии и изгледа мрсно на кожата, иако го фикристав со камена ми се разлеваше и изгледаше чудно на кожата. Пробав да го фиксирам со пудра во прв и така најмногу ми се допадна. Не го користам многу долго за да кажам дали ми се допаѓа или не, би пишала посебна рецензија.

Sephora Classic Pen eyeliner- Предобар туш, еден од подобрите што ги имам користено, не ми се пресликува на капакот како некои други тушеви, и не се суши брзо.



Max Factor Smoky Eye Drama Kit (Sumptuous Gold) - Преубави златни, шампањ, бронзени нијанси, преубаво одговараат на сите бои на очи, изненадена сум од тоа колку многу се пигмантирани. Плус има и мат нијанса за веѓите, и одлично ми одговара, ја користам некогаш и како сенка и изненадена сум од тоа што е мат и е толку добро пигментиана.
 Наскоро детална рецензија.

Max Factor Smoky Eye drama kit (Lavish Onyx) - Преубави нијански, омилена ми е розевата, премногу е пигменирана и со многу светки, ја обожавам во овие есенски денови баш разбива монотонија. Наскоро детална рецензија.



Real Techniques Blush Brush - Една од најслатките четки што ги имам, имав неколку други четки од Real Techniques и бев задоволна од нив и затоа си ја зедов и оваа, премногу прецизно го нанесува руменилото, и за овие четки би пишала посебна рецензија.

Oriflame Blending Brush - Имам една од четкиве дома, презадоволна бев затоа си порачав уште една, ја користам за сенчање на сенката, или за нанесување на коректор, за двете намени ми е одлична. Вреди за секој денар.

Oriflame Eyeshadow brush - Двострана четка за сенка, исто и оваа најчесто ја користам за сенчање на сенката некогаш и за нанесување одлична е особено за таа цена што ја купив вреди за секој денар. Другиот дел со апликаторот го користам најчето за пигменти затоа што на тој начин пигментот е со по интензива боја и не паѓа по целото лице.



 Нега наТело 


Bath and Body Japanese cherry body lotion - Немам зборови да ви опишам колку само најпрекрасно мириса лосионов! Кожата ја прави ептем мека и друго позитивно многу брзо се впива во кожата. Мирисот трае и трае исто како парфем да имам нанесено.

Issey Miyake Perfume - Многу свеж пафрем и што е најважно многу долготраен.

Isadora Mineral body glow - Пудра за тело со многу светки, ја зедов за летово да ја имам, затоа што беше на многу попуст, а е многу квалитетен производ.


Нега на Лице


Avene Thermale Water - Незнам дали имав потреба од водава ама беше на попуст па си ја купив. Може да се употребува за многу работи и плус сите што ја користеле се многу задоволни.  Ќе пишам детален пост за мојата рутина за нега на лице и нормално детална рецензија на водава.

Origins Overnight Mask - Маскава прави чуда! Прво ми беше страв да ја оставам цела вечер на лице, ама наутро резултатот беше одличен! Скапа е ама бавно се троши затоа што немора многу често да се користи.

Nivea Soothing Toner - Некое време бев скарана со сите можни тоници, сите ми оставаа лепливо чуство на лицето, или кожата после некое време ми беше сува и дехидрирана. Овој тоник е наменет за сува и сензитивна кожа, немам сува кожа ама сепак решив да го пробам. Ако сте заинтересирани би напишала и рецензија.

Clarins Gentle Foaming Cleanser - Незнам дали некогаш имам користено нешто подобро од ова! Ги отстранува сите нечистотии од лицето, и кожата останува мека и чиста. Доволно е многу малку за цело лице. Го препорачувам! :)

Eucerin Aqua Porin Active - Летото користев крем за лице со заштитен фактор од Еуцерин и бев многу задоволна, затоа го зедов и овој, нормално дека ни најмалку не се покајав. Кожата никогаш не ми била во подобра состојба, а е и одлична база за течна пудра. Тотално го препорачувам! :)






Montagne Jeunesse 7th heaven face masks - Овие маски ги купувам цело време! Омилени ми се, мирисаат преубаво, и на кожата и пружаат максимална нега! Наскоро посебна рецезнија за тие што ги имам пробано плус од каде можете да си ги купите. 



Batiste Dry shampoo - Сеуште го немам пробано.

Lernberger Stafsing Dryclean - Најдобар шампон за суво миење на косата. Го користам често и на чиста коса, на тој начин косата полесно се обликува и тој ефект ми трае подолго, плус дава многу волумен на косата.

Barnängen balsam - Балсами за коса, беа на акција плати еден земи два, за таа цена што ги платив се одлични!





4 comments:

  1. Баш убаво си се подновила :)
    Со здравје да си ги користиш сите продукти :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  2. Great post

    Love Vikee
    www.slavetofashion9771.blogspot.com

    ReplyDelete
  3. Od kade gi nabavuvas produktive, zatoa sto pola od niv se nedostapni vo Mkd. Inaku odlicen izbor si napravila, I ja licno gi poseduvam golem deal od produktive 😉

    ReplyDelete