Sunday, July 2, 2017

Rimmel Insta Fix and Go Review


Летото не е најсовршен период за шминка, топло е и ретко некој производ да трае цел ден без никакви поправки затоа користам плус фиксатор за шминката да ми трае барем малку подолго и да изгледа поуредно. Фиксатор и прајмер користам скоро секогаш кога се шминкам безразлика дали се работи за по нежна или по драматична шминка.
Римел во новата колекција на производи има плус фиксатор што може да се користи и како база пред шминкање што звучи совршено, а како мене ми се допаѓа ќе прочитате во текстот подолу.

Паковањето ми се допаѓа едноставно е и не е многу големо па можете да го носите со себе ако сакате да ја освежите шминката во текот на денот. Има свеж мирис и многу ми се допаѓа.

Често го нанесувам пред да ја нанесам шминката како база, и после за да ја фиксирам шминката. Резултатот е повеќе од одличен! Шминката дефинитивно ми трае многу подолго и изгледа многу по свежо на лицето. Кога го нанесувам како база се добива малку леплив ефект што е совршено пудрата убаво да "легне" на кожата, после неколку мин целосно се суши без да се чувствува на лицето. После нанесувањето се фиксира на лицето и дава полу мат финиш што е одлично за летен период. Не сакам кога со фиксаторот добивам сјаен и леплив ефект.

Исто така најчесто прскам на лицето пред да нанесам хајлајтер за да добијам максимален ефект од хајлајтерот и многу ми се допаѓа како изгледа а и ефектот е многу подолготраен.

Единствена замерка ми е делот за прскање, затоа што не се нанесува рамномерно него како да прскам на едно место, се надевам дека само моето паковање е такво.

Фиксаторот многу ми се допаѓа, голем плус е што добивате два производи во едно паковање а сепак цената е повеќе од одлична. Плус за летово дефинитино ви треба еден ваков производ.

No comments:

Post a Comment