Sunday, March 5, 2017

Bourjois Volume Reveal Mascara & Feutre Slim Liner Review


Маскарата е еден од тие производи што ги трошам најмногу и затоа многу често купувам од различни брендови. Исто така обожавам тушеви во форма на фломастер, многу лесни се за употреба и прецизни за да извлечете по тенка или подебела линија.
Денес ви пишувам за маскара и туш од брендот Bourjois а што мислам за нив ќе читате во текстот подолу.

Bourjois Volume Reveal Mascara

Маскарата е спакована во убаво црно паковање, на едната страна има вградено огледало кое што е со доволна големина да биде функсионално.
Четката многу ми се допаѓа затоа што е мала, гумена и со многу влакна/запци во мала и голема величина. Текстурата на маскарата е со средна густина, црна и многу пигментирана и што е најважно при апликацијата нема шанци да се размачкате ниту не се разлева во текот на денот иако не е водоотпорна.

Ефектот на трепките што го дава е одличен. Ги раздвојува трепките и дава голема должина без да ги залепи трепките. Најомилено нешто од оваа маскара е тоа што без разлика колку слоеви ќе нанесете не се чувствува тежина и трепките не се залепени една со друга.
Мене ефектот многу ми се допаѓа и дефинитивно би ги пробала и другите маскари од овој бренд.

Цена 660 ден.

Bourjois Feutre Slim Liner



Тушов е најпрекрасен да си напишам од почеток и ми е еден од омилените што ги имам пробано од овој тип. Обжавам тушеви како фломастер затоа што скоро секогаш без многу труд добивам прецизна апликација.


Апликаторот е со совршена величина па прелесно се постигнува совршен Cat Eye. Има интензивна црна боја и што е најважно откако ќе се исуши трае се додека не ја избришам шминката.
Исто така иако го имам веќе еден месец и го користам скоро секојдневно не е исушен и бојата е сеуште интензивна како првиот ден кога почнав да го користам.

Многу ви го препорачувам да го пробате тушов затоа што е предобар и е еден од подобрите што ги имам пробано и секако дека би го купила повторно.



Цена 575 ден

No comments:

Post a Comment