Thursday, September 3, 2015

Aura Cover Me Concealer Review







Многу сум задоволна од производите на Аура и сите со задоволство би ги пробала. Коректоров да бидам искрена не ме привлече многу на почетокот, затоа што имам пробано неколку коректори во стик од други брендови и од ниеден не сум задоволна.



Коректорот е спакован во црна пластично паковање од тврда пластика и наликува на кармин. Многу е лесен и едноставен за користење затоа што можете да го нанесете директно на лицето, а потоа да го бледате со помош на четка или едноставно со прсти.
Самата текстура е многу кремаста и лесна а и многу покривна. Одлично прекрива акни, флеки црвенила и други неправилности на лицето. Јас го користев и за делот под очите, и искрено сум изненадена колку е лесен, не ми се собира во линии ниту пак ми го суши тој предел, иако за делот под очите течните коректори се најдобри.
Коректорот е достапен во 5 нијанси од кои што јас ја имам 151 beige која што е најсветла и неутрална нијанса.


Јас сум многу задоволна и би го препорачала особено затоа штп може да се користи за повеќе намени, како база за сенка, за корегирње на црвенило, и за делот под очите. Исто така и цената е повеќе од одлична. :)

No comments:

Post a Comment