Wednesday, June 20, 2018

Aura Powderful Loose Powder


Камени пудри или пудри во прав користам секојдневно за фиксирање на течната пудра и за подолготраен ефект. Пудрите во прав ми се допаѓаат затоа што даваат поблаг мат ефект на лицето и по природен изглед.


Денес ќе ви пишувам за најновите пудри во прав на Аура.
Тоа што најмногу ми се допадна на прв поглед беше самото паковање кое што е многу практично и до сега немам видено друг бренд со вакво паковање.
До сега сите пудри во прав имаа пластика со мали отвори во средината па најчесто при употреба настанува мал облак со пудра и многу производ се троши безпотребно. Додека ова паковање на Аура има отвор со еластична мрежа во средината и доволно е само да притиснете со четката и излегува доволно производ без да настане мал хаос околу вас.


Во однос на самиот производ многу сум задоволна, изгледа природно на лицето плус дава мала покривност доволно да изедначи тен (иако јас никогаш не ги носам самостално) и се долготрајни.
Овој производ доаѓа во 4 нијанси од кои 01 и Crystal Bright се совршени за мојот тен. Иако на прв поглед делува темно, сепак на лицето тотално се топи во мојот тен.


Исто сакав многу да ја препорачам нијансата Crystal Bright затоа што е транспарентна нијанса што е наменета за фиксирање на течната пудра ама сепак во неа содржи светки кои што даваат преубав сјај на лицето.

Јас сум многу задоволна и ги користам секојдневно особено Crysral Bright ми дава преубав ефект на лицето.
Овие пудри можете да ги најете на сите продажни места на Аура Козметика или да ги порачате преку нивната онлајн продавница http://aura.com.mk/



1 comment: