Tuesday, August 28, 2018

Производи што не би ги купила повторно


Денес ви пишувам објава за производи што не би ги купила повторно. Ретко купувам непромислено козметички производи затоа што скоро секогаш читам прво рецензии ама не секогаш тие производи совршено ми одговараат па затоа решив да споделам со вас.

Mac Fix + Pink Lite - Ја имам пробано оргиналната верзија и многу ми се допаѓаше. Сега имаат нови сјајни верзии па бев возбудена да ги пробам затоа што сакам сјајна кожа со здрав изглед. Ама ова дефинитивно не беше тоа што очекував. Кожата ми беше целата со светки, порите истакнати и некако лепливо чувство имав на кожата. Не ми се допаѓа и не би го купила повторно затоа што за таа цена не вреди.

Maybelline Fit Me Matte + Poreless - Не ми се допадна никако, оваа нијанса ми беше пресветла а 115 претемна. Има слабо прекривање за мој вкус и ми ги истакнува сите суви делови од лицето и не е долготрајна.

Golden Rose Makeup Primer Mattifying Base - Оваа база е добра ама не ја користам многу често затоа што ги користам другите две од истата колекција што се со сјаен завршеток и ми се едни од омилените бази што некогаш ги имам пробано.
Оваа база не е лоша дава убав ефект на лицето ама не би ја купила повторно затоа што другите две ми се допаѓаат многу повеќе а и немам потреба од мат база.

Avon True Colors Mascara - Маскарава по грешка ја порачав во кафена боја што никако не ми се допадна. Дава многу убава должина на трепките ама многу ги слепува што никако не ми се допадна. Авон има прекрасни маскари наскоро ќе ви пишувам за една што е мој фаворит ама оваа дефинитивно не би ја купила повторно.

Loreal Paradice Mascara - Маскарава е толку популарна што едвај чекав да ја купам! Ама не ми се допадна ниту најмалку.  Ми се размачкува под очите, ги слепува трепките и има многу малку производ во неа. Не ми ја препорчувам не вреди за парите Лореал има многу подобри маскари.

Catrice Eyeliner Pen - Кога прв пат го пробав тушов мислев дека никогаш нема да го сменам, се до моментот кога се погледнав во огледало и видов дека е тушот е насекаде на очниот капак освен каде што го нанесов. Плус се исуши за многу краток период.

Catrice Made To Stay Highlighting Pen - Ова хајлајтер пенкалце ја има најубавата боја за хајлајт. Кога го видов без мислење го купив. Ама има чудна тектура и се нанесува тешко и дава некако чуден финиш на кожата. Јас го купив за да го користам под веѓата и на почетокот од окото ама не ми се допадна ефектот.

2 comments: