Saturday, August 18, 2018

Anastasia Beverly Hills Soft Glam Eyeshadow Palette



Производите на Anastasia Beverly Hills ги обожавам! Палетите со сенки се особено прекрасни, јас веќе имам напишано рецензија за Modern Renaissance па кликнете на линкот ако сте заинтересирани да ја прочитате.

Денес ви пишувам за новата Soft Glam палета, која што како самото име кажува е со по нежни тонови ама сепак има металик гламурозни нијанси за да можете да експериментирате со изгледот.


Палетата уште кога излезе знаев дека морам да ја имам, нијасите се носливи и палетата ја корисам секојдневно и затоа ова ми се едно од најдобро поторшени пари на козметика.
Нијансите се неутрални и толпи па се погодни за дневен и за вечерен изглед исто така и за различни тонови на кожа.
Кој користел сенки на Anastasia Beverly Hills знае дека се тотално различни од се друго, путерасти се, мека текстура, премногу пигментирани и многу лесни за користење. Буквално доволно е само да допреш со четката на сенките. 
Самата палета е изработена многу квалитетно, само не ми се допаѓа горниот кадифен слој кој што е прекрасен ама многу брзо се валка и се оштетува.
Во самата палета добивате и четка, малку е погруба па не ми се допаѓа да ја користам со овие сенки ама одлична е за сенки со потврда тектура.


Ако се двоумите меѓу Modern Renaissance и Soft Glam би ви препорачала да ја земете Soft Glam затоа што нијансите се многу носливи и по лесни за комбинирање.
На фотограгијата подолу ја имам користено палетата, на краевите имам нанесено "burnt orange" "Rustis" а на очниот капак прекрасната "bronze" нијанса.



Оваа палета е прекрасна, многу ви ја препорачувам затоа што вреди за секој денар. Јас од кога ја купив не користам ништо друго и наскоро не планирам да купувам други сенки затоа што оваа палета има се што барам.

1 comment: