Monday, June 18, 2018

Golden Rose HD Foundation, Concealer & Powder Review

 Веќе ви напоменав дека наредните објави ќе бидат за Голден Роуз затоа што имаат нови производи па сакам да ви помогнам при изборот ако сакате да пробате дел од нив.

Денес ви пишувам за HD линијата на производи за лице. Јас сум опседната со течни пудри и коректори па едвај чекав да ги пробам.

Golden Rose HD Foundation High Definition 

Од пудрава незнаев што да очекувам, ама морам да признаам пријатно сум изненадена. Има средна покривност и природен мат финиш.
Јас ја нанесувам со хидратантна крема затоа што во текот на денот може да ги истакне сувите делови од лицето ако ги имате. Трајноста е околу 8-9 часа ако ја фиксирате со плус камена пудра што е одлично. Има вкупно 16 нијанси што е за пофалба па секој може да си најде соодветна нијанса. Јас ја имам 103 светла нијанса со жолт подтон.
Најдобро се нанесува со сунѓерче за течна пудра.


Golden Rose HD Concealer

Со коректори не експериментирам, имам омилен и цело време еден ист го купував. Ама се се промени  откако го пробав овој коректор.
Паковањето многу ми се допаѓа затоа што е на клик и е со сунѓераст апликатор.
Текстурата е кремаста и густа,  малку потешко се бленда ама се добива одлична покривност и финиш. Порите се буквално невидливи. Нијнсата е светла и дава предобар хајлајт ефект и многу свежина на лицето.
Како и течната пудра така и коректорот најубаво се нанесува со влажно сунѓерче за течна пудра.



Golden Rose HD Definiton Powder (Banana Powder)

Банана нијансата е совршена за сетирање на коректорот затоа што дополнително го осветлува делот под очите. Оваа камена пудра има предобра текстура ги пополнува порите, го фиксира коректорот и дава долготраен ефект. Јас ја користам само за фиксирање на коректорот за остатокот на лицето користам друга пудра.


 103 Течната пудра ; Коректорот 01 ; 202 Банана Камена пудра

Сите користени производи на фотограгијата подолу се на Голден Роуз.


Оваа колекција е одлична и дефинитивно би ви препорачала да ја разгледате, особено коректорот е одличен и со многу пристапна цена.
Овие производи можете да ги најдете во сите продавници на Голден Роуз.

1 comment: