Sunday, February 18, 2018

Avon Epic Lip Lipstick Review


Авон има нова колекција на кармини и денес јас ви пишувам рецензија за истите. Кармините на Авон ги обожавам затоа што имаат одлична цена а нудат огромен квалитет.
Денес ви пишувам за Epic Lip кармините од кои што во колекцијата има 17 нијанси а денес јас ќе ви претставам 3 од нив, секако дека планирам да си порачам уште неколку нијанси.


Паковањето многу ми се допаѓа, практично е и е изработено од квалитетна пластика. За цена од 185 ден (цената е од моменталната кампања 03/2018) добивате 3,6 g производ што е одлично.

Што пишува Авон за кармините:
  •  Интензивна Боја
                     Два пати повеќе пигменти од традиционалниот кармин на Авон
  •  Неверојатна  долготрајност
                      Благодарение на внатрешната подлога бојата останува на усните со часови
  • Совршена Измазнетост
                     Ги измазнува омекнува и хидрира усните




Овие кармини навистина имаат голема пигментација што сум воодушевена. Бојата е интензивна и богата со само еден слој.
Се нанесуваат многу лесно, буквално се лизгаат по усните и врвот на самиот кармин е совршен за да ги нанесете прецизно без моливче за усни.


Морам да признаам дека исто така сум изненадена од долготрајноста, затоа што најчесто ”сјајните” кармини мене ми траат кратко на усните ама овие особено црвената нијанса стоеше совршено на усните со часови.

Јас сум многу задоволна и ви препорачувам да ги пробате затоа што верувам дека секој може да се пронајде во некоја од нијансите.

4 comments:

  1. Love your post dear ♥
    If you want you can check out my blog.I write about fashion,beauty and lifestyle.Maybe we can follow each other and be great blogger friends !

    http://herecomesajla.blogspot.ba/?m=1

    ReplyDelete
  2. Thank you for sharing information. Wonderful blog & good post.Its really helpful for me, waiting for a more new post. Keep Blogging!


    best bridal makeup in lucknow

    best parlour for bridal makeup in lucknow

    best bridal makeup services in lucknow

    ReplyDelete
  3. HellO Dear,


    I like your blog very much..its a really use full for me and love it.

    Find the best Best Professional Cosmetics Products In USA - DsnCosmetics

    Dsncosmetics offer online professional cosmetics products In USA. You can buy easily top brands Dead Sea natural and organic cosmetics products with us.

    Visit Now - http://dsncosmetics.com/en/

    ReplyDelete