Friday, February 2, 2018

Aura City Lights Review



Здраво после долго време! Денес ви пишувам на мојата омилена тема а тоа се хајлајтерите. Денес ќе ви пишувам за кремасти, течни и во камена форма.
Се работи за производи од брендот на Аура и морам на напишам од почеток дека сум многу пријатно изненадена.


Aura Strobing Palette - Ова е палета со 3 хајлајтери во 3 различни нијанси. Хајлајтерите се сместени во квалитетно пластично паковање со вградено мало огледало и можат да се користат 18 месеци.
Во оваа палета добивате еден шампањ-златен хајлајтер, еден со розев сјај и еден бронзен.
Текстурата на самите хајлајтери е многу путераста, мека буквално се топи на допир и се многу пигменирани. Мене ми е една од омилените палети, на лицето се добива преубав впечалив сјај, плус можат да се користат и како сенки па лесно можете да постигнете сјаен гламурозен изглед. Најчесто ги користам за вечерна шминка.



Aura Strobing Sticks - Овие два производи ме изненадија најмногу. Двете нијанси се прекрасни, пигменирани, даваат преубав 'влажен' сјај и се многу долготрајни. Светлата нијанса ја користам како хајлајтер, на образите, малку под веѓата и на очите нијансата е преубава светла со бисерен сјај. Бронзената нијанса ја користам како руменило и изгледа прекрасно. Овие два производи се 'must have' особено за секодневно шминкање и дека можат да се користат за повеќе намени.


Aura Strobing Cream - Овие два производи ги користев како база за течна пудра. Многу ми е допаѓа сјајот што го добивав. Едната е посветла едната потемна нијанса ама при апликација се добива само нежен ненападен сјај. Двете нијанси содржат бисерен сјај без светки што многу ми се допаѓа. Особено за девојки со сува кожа се совршени.




  • Swatches од нијансите:


Според рецензијата самите можте да одлучите кој производ би ви одговарал најмногу иако јас ги препорачувам да ги пробате сите затоа што се работи за навистина одлични производи и јас многу често ги користам. Особено ако сакате интензивни хајлајтери оваа колекција ви е 'must have'. 

4 comments: