Tuesday, December 12, 2017

Aliexpress Haul

Алиекспрес не ми е омилено место за купување, ама во последно се повеќе блогерки што ги следам имаа објави на блогот во врска со некои порачки од Алиепспрес па решив и јас да порачам нешто од таму па да споделам импресии со вас.

Јас порачав 3 чанти и еден пар свилени пижами и трепки за сите чекав околу 1 месец освен за трепките тие пристигнаа за 10 дена.

Black Messenger Bag - 20€ (LINK)
Долго време сакав да купам ваква чанта не многу голема што ќе можам да ја носам за излегување а некогаш и за преку ден. Квалитетот е добар за цената што ја платив, единстено не ми се допадна кожниот дел од рачката затоа што не беше доволно зацврстен. Инаку чантата е убава и мека е на допир и што е најважно не содржи мирис.


Mini HandBag - 13€ (LINK) 
Чантава ми беше љубов на прв поглед, прекрасна и е поквлитетна од другите две чанти што ги имам.



Flower Backpack - 16€ (LINK)
Кога и да ја носев чантава добивав многу комплименти, може да се носи како ранец, и како нормална чанта. Единствена замерка е што е многу мала па ако ви треба за книги тетратки, нема да одговара.



Shein Satin Pajama Set - 13€ (LINK)
Пижамите се идентични како на фотографијата затоа не ги фотографирав, и се изненадив од квалитетот на матријалот. Искрено не би порачувала облека од Алиекспрес ама пижамиве беа преслатки и имав среќа да ги добијам истите како на фотографијата.

Mink Lashes - 2,5€ (LINK)
Трепкиве ги порачувам по трет пат и ги имам пробано скоро сите, многу сум задоволна и за таа цена немам пробано подобри многу ви ги препорачувам.


Ова се дел од производите што ги имам порачано од Алиекспрес и делумно сум задоволна, ама сепак никогаш не би купила никаков вид на козметика ниту би ви препорачала да купувате затоа што никогаш не можете да бидете сигурни какви состојки содржат во составот.
Моментално имаме одлични производи од проверени компании низ дрогериите за одлични цени па никако не ви препорачала да ризикувате со не проверена лажна козметика.

Пишете ми дали ви се допаѓаат ваквите објави и што вие најчесто порачувате од Алиекспрес?

3 comments: