Saturday, November 4, 2017

Monthly Favorites I November 2017


Ретко пишувам за омилени производи на месецот, а таквите објави мене лично ми се омилени за читање. Во последно на пазарот има многу новитети па едвај чекав да пробам дел од нив па наскоро очекувајте објави за дел од тие производи.
Денес ви пишувам кои производи ми беа омилени и најкористени последниов период.


Ќе почнм од основата, најчесто ја користев течната пудра на Max Factor Skin Luminizer. Многу ми се допаѓа кремастата текстура преубаво се соединува со кожата и изгледа многу природно на лицето. Има средна покривност го изедвачува тенот и порите се помалку видливи. Не е многу сјајна иако така пишува, моментално на моето лице изгледа дури и мат дека кожата во последниот период ми е по сува освен на т зоната. Трајноста е исто така одлична ама најчесто нанесувам плус камена пудра за подолготраен ефект. За да ја прочитате целосната рецензија кликнете тука.
Бронзерот на Макс Фактор исто беше дел од мојата секојдневна рутина на шминкање. Особено дека содржи ситни скоро непрметливи светки во текстурата дава преубав ефект. Кликнете тука за да ја прочитете целосната рецензија.

Кармин омилен ми е на Голден Роуз од течните мат кармини. Нијансите 13 и 20 ги користев скоро секојдневно.


Кога се шминкав со сенки најчесто ги користев сенките на Makeup Revolution и оваа палета на Too Faced. Too Faced ги обожавам, сенките се премногу квалитетни, многу се пигментирани, нијансите се прекрасни и што е најважно многу се долготрајни.
Додека пак Makeup Revolution ги има сите нијанси што сега ги обожавам, нијансите не се толку пигменирани како тие на Too faced ама сепак имаат одличен квалитет за цената.
Кликнете тука за целосната рецензија.

Туш најчесто користам во форма на фломастер затоа што ми е многу полесен и по практичен за користење. Моментално го користам на Loreal Pro Liner и со False Lash Wings исто на Loreal ми се едни од омилените производи периодов. Маскарата ја користам подолго време и сеуште не е потрошена иако ја користам секојдневно. Дава баш драматичен изглед на трепките и што е најважно не ми се пресликува на капакот.



Sleek Solstice ми е дефинитивно еден од омилените хајлајтери. Интензивен е, сјаен и многу долготраен. Многу ми се допаѓа и дефинитивно е нешто најдобр што сум купила во последно време.

Дали имате пробано некои од овие производи? Слободно пишете ми во коментарите подолу кој се ваши омилени производи последниов период.

2 comments: