Saturday, November 11, 2017

Max Factor Healthy Skin Harmony Reviews



Денес конечно ви пишувам рецензија на новата пудра на Макс Фактор. Веќе знаете дека Макс Фактор ми е еден од омилените брендови и скоро секогаш имам дел од нивните производи.
Особено последните колекции ме воодушевија како со квалитет така и со одличниот изглед.

Што пишува Макс Фактор за пудрата Healthy Skin Harmony:

"Healthy Skin Harmony Miracle пудрата  е течна, средно покривна пудра. Хибриден мејк ап производ кој содржи комбинација од состојки специјални за да го прикријат секојдневниот стрес.  24 часовната хидратација е балансирана со масла кои го контролираат мастењето на кожата и на одредени делови од лицето.  СПФ 20 ја заштитува кожата од штетните сончеви зраци, правејќи ја пудрата корисна за носење. Дoстапна е во дури 18 нијанси се со цел да се адаптира на сите тонови на кожата. Пудра која нуди полу мат финиш кој овозможува свеж изглед во текот на целиот ден.”

Новата пудра е спакована во стаклено шишенце од 30 мл. Многу ми се допаѓаат златните детали и фактот дека има пумпичка за дозирање и самата пумпа има механизам за отварање и затварање па е одлична да ја носам со себе секогаш кога патувам.


Покривноста е средна ама лесно се постигнува голема покривност. Јас нанесувам два тенки слоеви и често немам потреба да користам плус коректор.
Мене најмногу ми одговара без прајмер, нанесена само врз хидратантна крема. Оваа пудра одлично се соединува со кожата и порите ги прави скоро невидливи.
Дава полумат финиш, ако имате нормална/сува кожа нема да имате потреба од плус камена пудра, ако имате мрсна би ви препорачала да ја фиксирате за подобар ефект.

Трајноста е повеќе од одлична, трае цел ден без да имам потреба од поправка во текот на денот јас не засветнувам баш напротив пудрата изгледа поубаво кога ја имам неколку часа. Скоро секогаш нанесувам плус транспарентна пудра за да ја фиксирам.

Нанесувањето мене ми баше најдобро со четка затоа што на тој начин добив најголема покривност.


Единствена замерка ми се нијансите затоа што и најсветлата ми е за нијанса потемна ако не користам продукти за самопотемнување.
Затоа најчесто ја мешам со плус капки за осветлување.
Јас ја имам нијансата 45 warm almond и е со жолт подтон.


Пудрава многу ми се допаѓа, ако сте во потрага по секојдневна лесна пудра ама сепак да има добра покривност ви ја препорачувам да ја пробате.

2 comments: