Sunday, November 19, 2017

Collistar Volume Unico Mascara


Денес ви пишувам рецензија за маскара што ја користам веќе неколку недели. Веќе знаете дека маскари обожавам и најчесто користам неколку истовремено.
Оваа маскара се издвои од останатите и затоа решив да напишам рецензија, инаку оваа маскара е од брендот Collistar и ова е првиот производ што го пробав од овој бренд.


Паковањето е прекрасно, златно и изгледа многу луксузно.
Четката е со многу густи влакна па одлично ги раздвојува трепките и се добива многу волумен и должина на трепките. Тоа што најмногу ми се допаѓа е што дава преубав ефект на трепките ама сепак не изгледа нападно и ефектот е многу долготраен. Ниту најмалку не ми се размачкува ниту не ми се рони под очите се работи за многу квалитетна маскара.



Оваа маскара многу ми се допаѓа и дефинитивно ќе пробам и други производи од овој бренд.

2 comments: