Tuesday, November 14, 2017

Новитети/ Ноември 2017

Денес ви пишувам објава за некои козметички новитети што ги купив последниот период и мини рецензии за нив. За поголемиот дел од производите следуваат целосни рецензии кога ќе ги тестирам подолго време.



Real Techniques Powder Brush, Expert Face Brush & Miracle Complexion Sponge - Ова ми е девинитивно омилената порачка затоа што четките на Real Techniques ми се омилени а сунѓерчето го купувам по трет пат. Имаат одлична цена за квалитетот а и често се на попуст па ако ви требаат четки моја препорака се токму овие.

Inglot Translucent Powder - Инглот како бренд го обожавам, ми требаше нова пудра во прав па ја купив оваа на Инглот и можам слободно да напишам дека до сега подобра за таа намена немам користено. Јас ја користам за да го фиксирам коректорот и за таа намена е повеќе од одлична.

Inglot Duraline - Ова е еден од најпродаваните производи на Инглот и има многу намени за употреба. Ќе пишам посебна рецензија со повеќе детали.

L.A. Colors Pro Coverage Concealer - За овој коректор имав читано многу позивитни критики па затоа решив да го пробам. Многу ми се допаѓа, има одлична покривност и долготрајност.



Aura Kozmetika - Долго време немав пишувано ништо за производите на Аура. Некои од новите производи многу пријатно ме изненадија и за таа цена дефинитивно се многу квалитетни. Особено стробинг колекцијата е одлична. Наскоро рецензија со многу фотографии и кои производи ми се омилени.



Revlon ColorStay - Ова ми е една од омилените течни пудри и сега кога ја видов дека има ново паковање веднаш ја купив. На блогот имам пишувано рецензија само за верзијата за сува кожа, ако сакате да читате и за верзијата за комбинирана/мрсна кожа слободно пишете ми.

Max Factor Honey Lacquer - Кога сакам да се одморам од мат кармините најчесто користам сјаеви за усни, или кога имам вечерна шминка преферирам сјаеви за усни. Ова се новите на МФ и сум многу позитивно изненадена од пигментираноста.

Isadora Matt Metallic - Прекрасни нијанси и повторно се излажав за нијансите ама квалитетот е ужасен и не вредат за високата цена што ја платив.

Catrice Camouflage Cream - Ова ми беше еден од омилените коректори и затоа го купив повторно. Имам рецензија на блогот ако сакате повеќе детали.


Garnier Micellar Cleansing Water in Oil - Ја купив баш поради тоа што има масло, ама некако ми остава лепливо мрсно чуство на кожата. Не дека ми е некој голем проблем затоа што секако можата плус ја мијам со гел за лице. Розевата ми се допаѓа повеќе.

Loreal Pure Clay Glow Mask - Маскава е одлична, откако ја користам добив здрав сјај на кожата а и лицето ми е почисто.

7th Heaven Face Masks - Овие маски се често споменувани на блогот. Едни од омилените ми се и ги користам скоро секогаш.



Yves Rocher Hydra Vegetal/ Serum, Face Cream, Cleansing Gel - Кожата ми беше многу дехидрирана па морав да ја сменам целата рутина за нега на кожата. Купив производи на Yves Rocher и сум многу пријатно изненадена. Дефинитивно ви препорачувам да пробате некој од производите вредат за секој денар. Наскоро целосна рецензија.


Дали вие имате користено некој од овие производи?

2 comments: