Monday, October 23, 2017

Max Factor Creme Bronzer Review


Макс Фактор е бренд што зрачи со елеганција, ми дава некое ретро гламурозно чувство па затоа често користам дел од нивнте производи.
Во нивната нова колекција има предобри производи со најпрекрасни паковања, ми се допаѓаат златните детали а сепак паковањето е минималистичко и практично.


Денес ви пишувам за еден брознер кој што ми беше љубов на прво користење. Бронзерот има прекрасна текстура која што совршено се соединува со кожата и дава преубав природен сјај. Иако содржи ситни светки во самата текстура сепак на лицето изгледа баш природно полумат без да дава ефект на мрсна кожа и без да ги нагласува порите.
Нијансата е ладно кафена па кога го користам добивам плус контури без да користам соодветен производ за таа намена.

На фотографијата подолу можете да видите како изгледа на лицето, мене ефектот многу ми се допаѓа и бронзеров го користам како за дневна така и за вечерна шминка затоа што интензитетот многу лесно се надоградува, од по природен до по драматичен.

Трајноста е повеќе од одлична, трае се додека не ја избришам шминката и изгледа исто како моментот кога го имам нанесено. Јас сум голем фан на "печените" руменила на МФ баш поради тектурата и долготрајноста и бронзеров е од истата линија.


Совет плус: Земете малку од бронзерот со четка и протресете ја за да се ослободите од вишокот. Нанесете од бронзерот под јаболчниците, малку на страните од челото, на виличната коска и многу малку на носот, потоа со четка со по густи и меки влакна исенчајте за се совршено за се "стопи" на лицето и да изгледа по природно.

2 comments: