Tuesday, October 24, 2017

Bioxsine производи против опаѓање на косата


Денес ви пишувам за производи против опаѓање и за обновување на косата. Немам голем проблем со опаѓање на косата освен во некои периоди од годината, затоа се решив да ги пробам дел од производите на Биоксин проив опаѓање и за зацврстување и растење на косата.




  • Bioxsine Daily Foaming Serum


Ќе почнам од производот што најмногу ми се допаѓа а тоа е серум во форма на пена за коса. Лесно се користи и резултатите се видливи по веќе неколку користења. После користење на пената косата изгледа сјајно и здраво, после неколку користења се намалува и опаѓањето на косата. Јас ја користам секогаш после миење на косата, малку ја сушам косата со пешкир па потоа нанесувам од пената на скалпот и масирам додека не се апсорбира во кожата.
Најдобро е да ја разделите косата на неколку делови и да нанесете од пената дикректно на скалпот. Јас сум многу задоволна и веќе купив и второ паковање за целосен ефект.




  • Bioxsine Anti Hair Loss Herbal Shampoo for Women


Ова е шампон специјално дизајниран за жени и е против опаѓање и воедно против мастење на косата. Биоксин Дермаген е хербален шампон со комбинација на биокомплекс Б11 кој што помага во растот на косата и ги зајакнува фоликулите на влакното.
Во периодот кога го употребував на почетокот немаше многу голема разлика освен што косата ми се мастеше помалку него обично. Сметам дека за да се постигнат поголеми резултати производот треба да се користи подолго време.




  • Bioxsine Dermagen Anti Hair Loss Serum


Најмногу бев возбудена да го пробам серумот од оваа линија затоа што имаше позитивни критики. Се користи директно на местата каде што косата најмногу опаѓа, ја обнобува косата го спречува опаѓањето и воедно го подтикнува растењето.
При користење на почетокот косата премногу ми се мастеше како никогаш порано, и ми опаѓаше, ама сепак продолжив да ги користам затоа што на почеток ефектот бил таков. После 5 ампули опаѓањето почна да се намалува ама сепак косата многу ми се мастеше па затоа решив да не ги користам повеќе ампулите. Ефектот на секоја кожа е различен, јас немав многу проблем со опаѓање на косата па затоа и не ми беше проблем да ги прекинам ампулите, да имав поголем проблем највероватно ќе продолжев со употреба.
Би ви препорачала прво да купите неколку ампули и ако имате ефект да го земете целото паковање.




Од производите најмногу сум задоволна од пената. Ама, како што напоменав секој производ различно реагира па затоа би ви препорачала да ги пробате. Плус цените се одлични и приступни за сите.

Овие производи можете да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки низ Македонија. За повеќе информации контајтирајте ги на нивната официјална страна на Facebook.

2 comments: