Sunday, October 15, 2017

Makeup Revolution Flawless 4 Review



Денес ви пишувам рецензија на најпрекрасната палета што ја поседувам. Уште кога прв пат ја видов на страната на Makeup Revolution знаев дек морам да ја имам па веднаш ја порачав.
Цената е смешна за квалитетот што го нуди и за за тоа колку многу производ добивате.




Прво паковањето е прекрасно, многу ми е мило што го сменија старото досадно црно пакување со по гламузорзно златно паковање.
Во оваа палета добивате 32 сенки меѓу кои 18 мат и 14 сјајни.


Нијансите се прекрасни, која од која поубава. Пигментацијата е ОДЛИЧНА особено сјајните нијанси. Светлите мат нијанси се малку со потврда текстра и послаба пигментација, ама сепак јас ги користам само како база за другите нијанси па тоа не ми смета многу.
Многу лесно може да се постигне секојдневен ама сепак необичен изглед или по драматичен вечерен изглед.
Исто така многу ми се допаѓа што добивате и мат црна сенка во палетата, по текстурата се разликува многу црните сенки што ги имам во другите мур палети. по путераста е и дефинитино премногу пигменирана.
Сенките скоро и да не се ронат при нанесување што е голем плус. Мат сенките се со потврда кредаста текстура додека сјајните се по меки на допир и со одлична пигментација.

Подолу имате swatches од нијансите, која од која поубава нијанса.

  • Прв ред.


  • Втор ред.

  • Трет ред.

  • Четврти ред




Јас сум воодушевена со оваа палета, како од изборот на нијанси така и со квалитетот. Дефинитивно ги има сите нијанси кои што ги обожавам во моментов и ми е прв избор за секаква шминка. Вреди за секој денар и дефинитивно ви ја препорачувам.

Јас ја порачав на www.tambeauty.com, се надевам дека наскоро ќе ја донесат и во продажните места на MUR низ Македонија.

2 comments: