Sunday, September 10, 2017

Anastasia Beverly Hills Modern Renaissance Review


После многу долго време, конечно нов пост на блогот. Имам многу нови производи за коишто верувам дека би сакале да читате.
Ќе почнам од една прекрасна палета за која што имаше најмногу заинтерсираност а тоа е палетата на Anastasia Beverly Hills Modern Renaissance. Oд кога ја објавив добив многу пораки, па денес конечно решив да напишам како сум задоволна и дали вреди за цената што ја има.




Како и секогаш прво ќе почнам од самото паковање кое што е прекрасно, изработено е од кадифен матријал и на него е напишано логото и името на самата палета. Иако изгледа прекрасно сепак не е многу практично затоа што со самите сенки се валка и тешко се чисти.




Самата палета има 14 прекрасни нијанси кои што совршено одговараат на сечиј тен, 12 се мат а 2 се со сјајна текстура.
Сенките се премногу пигменирани, имаат посебна путераста текстура која што совршено се нанесува на капакот, доволна е многу мала количина за да го добиете посакуваниот ефект. Имам многу палети и ниту една не е толку пигментирана и толку лесна за користење.
При нанесување се рони поради многу меката текстура па затоа би ви препорачала прво да ги шминкате очите потоа лицето.



Со палетата добивате и двострана четка која што е многу мека, квалитетна и практична.

На фотогрфијата подолу ги користев сенките на ABH.


Палетава е една од најдобрите што ги имам користено, ако сте љубител на вакви топли нијанси дефинитивно ви ја преорачувам затоа што вреди да се има особено дека е многу пигменирана нијансите се прекрасни како за дневен така и за вечерен изглед и ефектот е многу долготраен дуи и без база за сенки.

Јас ја порачав на Cult Beauty исто така ја има и на Beauty Bay со безплатна поштарина до Македонија.

No comments:

Post a Comment