Saturday, July 1, 2017

The Balm Mary-Lou Manizer Review


The Balm како бренд многу ми се допаѓа и користам дел од нивните производи. Нивниот најпознат производ е Mary Lou Manizer хајлајтерот а јас едвај чекав да го купам иако веќе имам други хајлајтери. Прво паковањето е прекрасно како и сите други производи на The Balm, дизајнот е многу винтаж и многу квалитетно избработен.
Текстурата му е некако специфична, путераста не мора да гребате со четката за да добиете производ, доволно е само еднаш да поминете со четката. Исто така самата тексура во допир со кожата буквално се лепи и дава преубај сјај, нема светки низ него, само прекрасен сјај.
Пигментацијата е голема, потребно е многу малку производ за да постигнете баш сјаен изглед дури и лесно меже да се претера.
Цената му е 15 евра и добивате 8,5гр производ што е многу и премногу споро се троши.
Нијсаната е прекрасна шампањ со златен сјај, изгледа прекрасно и на светол и на потемен тен.

Трајноста му е голема трае се додека сама не ја избришам целата шминка од лицето. Често го користам и како сенка за очи и сум многу задоволна.



За навечер ако сакам повеќе да светка прво на лицето нанесувам фиксатор па потоа со четка нанесувам од хајлајтерот па добивам уште по интензивен ефект. Обожавам хајлајтер и со по нежна шминка нанесувам во поголеми количини. 

На фотографиите подолу можете да видите како стои на лицето.

Како што можете да забележите од фотографијата ефектот е баш впечатлив, и нијансата е топла со златен сјај.

Единствен минус е што го нема во Македонија па мора да се порача од интернет. Јас го купив во Шведска ама го има и на FeelUnique и имате достава до Македонија.

No comments:

Post a Comment