Monday, April 10, 2017

Bourjois 95 Rose de Jaspre Blush Review



Производите на Bourjois ги имам се повеќе во мојот несесер и голем дел од тие производи се едни од моите омилени. Нова љубов ми е руменилото 95 Rose de Jaspre а деталите ќе ги прочитате во текстот подолу.

Руменилото е спаковано во квалитетно округло пластично паковање. Во внатрешниот дел се наоѓа самиот производ , мала четка и огледало.
Четката не ја користам затоа што преферирам друг тип на четки за таа намена. Многу ми се допаѓа што е мало и доволно цврсто па можам да го носам со себе при патувања.
Нијансата што ја имам ми најкористена и омилена. Самата нијанса е нежно розева со ситни светки во неа, дава преубав не нападен сјај на лицето. На допир е со по тврда текстура ама со четка се нанесува предобро. Нема шанци да претерате изгледа многу нежно и природно.
Ниту едно друго руменило не ми стоело толку добро на тенот, исто така е пре долготрајно.



Трае се додека не ја избришам шминката од лицето.
Има и многу други нијанси, ама Rose de Jaspre секогаш ќе биде мојот избор како за дневен така и за вечерен изглед. Исто така морам и да напоменам дека мириса прекрасно, иако мирисот не трае долгот сепак се приметува што мене многу ми се допаѓа.
Кога сакам нежен дневен изглед често го нанесувам и на очите во комбинација со "mauve" "dusty rose" кармин и изгледа многу убаво.

Како што веќе видовте ова ми е едно од омиление руменила. Многу ви го препорачувам, има специфична текстура ама мене многу ми се допаѓа.

Цена 495 ден. ( Често може да се најде на акција на попуст.)

No comments:

Post a Comment