Wednesday, February 15, 2017

Oriflame Blending Brush Review



Од четки никогаш доста, едни од омилените и секако најпотребните четки се "blending" четки или четки за сенчање.
Денес ќе читате рецензија за четките за сенчање на Oriflame Cosmetics.

Четките се изработени од природни влакна. На допир влакната се по груби и тоа ми се допаѓа затоа што земаат доволно производ а и сенките полесно се сенчаат една со друга.
Јас ги добив четките во 2 различни големини иако се работи за иста четка. Ама тоа не ми смета дури и ми одговара затоа што прво почнувам со поголемата четка со некоја посветла нијанса, а потоа помалата четка ја користам со потемни нијанси.


Четките ги имам веќе една година и освен на првите неколку миења до сега ниту едно влакно не е паднато. Тоа што најмногу ми се допаѓа кај оваа четка е што можат да се користат за повеќе примени како на пример:

  • Нанесување на сенка на капакот
  • Сенчање на сенките без да има груби линии
  • Фиксирање на коректор со камена пудра или пудра во прав
  • За прецизно нанесување на хајлајтер итн.
Четкава е предобра многу ви на препорачувам да ја пробате особено цената е повеќе од одлична. Од кога ја имам ми е омилена за користење дури и многу подобра од многу поскапи четки што ги имам.
Јас ги купив 179 ден, ама паметам дека тогаш беа на некоја акција мислам дека цената им варира 179-279 ден.

No comments:

Post a Comment