Friday, February 24, 2017

Freedom Pro Artist Pad Review


Денес ви пишувам рецензија за најпрекрасната палета за лице што ја поседувам. Прво ме освои со паковањето, кое што е баш уникатно и изгледа како таблет на прв поглед и да, за мене ова е најсовршената верзија за таблет хаха :).


Кога ја отворив тоа беше љубов на прв поглед затоа што ова е идеалната палета за лице, без разлика дали си професионален мејкап артист или љубител на шминка. Во оваа палета добивате мат руменила, руменила со шимер (печени руменила), мат хајлајтери (за фиксирање на коректорот), бронзери за контурирање и најпрекрасните хајлајтери. Нијансите се совршено одбрани да одговараат на сечиј тен.


Текстурата е кадифено мека и одлично пигментирана. Најмногу се изненадив од нијансите за контурирање, се сенчаат совршено и многу лесно дури и најтемните нијанси.
Исто така оваа палета често ја користам и за шминкање на очите и многу ми се допаѓа за таа намена.

Во првиот ред добивате мат руменила. На допир се путерасти и меки,  добивате  по интензивни и по нежни нијанси ама сепак сите до една се носливи.

Вториот ред се шимерастите руменила. Овие ми се омилени кога се шминкам по природно, со мат пудри и кога немам време за плус хајлајтер а сепак сакам да постигнам сјаен и свеж изглед. За разлика од мат руменилата овие се со потврда текстура и имаат средна пигментираност ама тоа ми се допаѓа затоа што многу лесно се надоградуваат без да изгледа претерано.


Третиот ред ми е најомилен. Тука ги имате сите најпотребни продукти за контурирање, и кога повторно би ја купила оваа палета тоа би било токму поради овие продукти. Имаат толку прекрасна текстура, пигменираност и што е најважно бронзерите даваат многу природен изглед без да изгледа валкано, затоа што предобро се блендаат со останатите производи. Нијсите се ладно кафени ама сепак не изгледаат сиво кога се нанесени на лицето. Имам многу палети за контурирање ама овие ми се омилени затоа што иако имаат голема пигменираност и мека текстура се сенчаат прелесно и даваат најприроден ефект.


Четвртиот ред се хајлајтерите. Добивате од најсветол до најтемен хајлајтер, и со ладен и топол подтон. Првите 3 содржат ситни светки па често ги користам и како сенки за очи.
Кога сакам поинтензивен хајлајт ги нанесувам со влажна четка т.е. на четката нанесувам плус фиксатор и добивам по интензивен и по долготраен хајлајтер.
Имам светол тен на последниот хајлајтер го користам и како бронзер и добивам преубав бронзен сјај на лицето и многу ми се допаѓа за таа намена.
Исто така сите овие нијанси можете да ги користите и како сенки за очи изгледаат прекрасно. :)


Како што веќе прочитавте погоре јас сум многу задоволна од оваа палета, и многу ви ја препорачувам затоа што сите до една нијанси се носливи и имате се што ви е потребно во една палета, и што е најважно оваа палета е многу квалитетна па вреди за секој денар.

Можете да ја најдете во продавниците на Golden Rose козметика по цена од 1.550 ден.

No comments:

Post a Comment