Thursday, February 16, 2017

Prêt-à-Lumière Longlasting Eyeshadow Review



Моно сенките на Catrice се едни од најпигменираните drugstore сенки што ги имам користено. Едни од омилените ми беа Liquid Metal Shadows, ама тие веќе не се во продажба па решив да ги пробам новите Pret a Lumeire Long Lasting Eyeshadows.

Спаковани се во црно минималистично пластично паковање. Целата колекција има 9 нијанси од кои што јас ја имам 020 Pret a Perle. Нијансата е интензивна златно шампањ нијанса.

Текстурата на допир е некако путераста многу мека и многу лесно се нанесува. За поинтензивно нанесување ја нанесувам со прсти или со влажна четка.

Ако имате среден тен, оваа сенка изгледа одлично и како хајлајтер. Затоа што во себе не содржи светки него баш дава преубав сјај. Ако сте со посветол тен има и посветла шампањ нијанса.

На фотографијата подолу можете да видите како изгледа на очите. Изгледа преубаво на секоја боја на очи и тен. Особено ако имате светли очи ги истакнува премногу. Одлична е како за дневен така и за вечерен изглед.






Можете да ја најдете во сите продажни места на Catrice козметика.

1 comment: