Saturday, January 21, 2017

KayPro Hair Mask Review


Денес ви пишувам рецензија за маска за коса, иако објави од ваков тип се новитет на мојот блог затоа што најчесто пишувам за декоративна козметика.
Имам долга и густа коса што значи посветувам поголемо внимание за нега на истата. Најчесто купувам најразлични маски со цел дека ќе ја најдам совршената.





Да ве запознаам прво со мојата коса. Имам долга и густа коса, суви врвови и мрсен корен. Најчесто од една маска за коса очекувам да ми ја хидрира косата, да ми е лесна за расчелување без да ми ја сплескува и без да ми ја мрси косата.

Маската KAYPRO ја пронајдов сосема случајно на онлајн продавницата на www.shopdepileve.mk кога прочитав во составот дека содржи масло од арган веднаш се заинтересирав да ја купам.
После првата употреба косата ми беше посјајна и полесна за расчешлување, а веќе по неколку употреби сувите и испукани врвови веќе беа минато.
Оваа маска ја хидрира косата и го обновува влакното, ја прави  полесна за расчелување по сјајна и што е најважно косата сеуште го има природниот волумен.
Маска користам еднаш неделно и ја оставам да дејствува неколку минути. Ја нанесувам од вратот надолу не и на коренот.

Јас сум задоволна и баш ќе ги разгледам и другите производи со масло од арган па ќе ви пишам како сум задоволна.
Маската можете да си ја порачате од онлајн продавницата на www.shopdepileve.mk, имаат многу производи за нега на косата и често имаат акција на дел од производите.

Која е ваша омилена маска за коса? Кој шампон би ми го препорачале за мојот тип на коса?
 *Пишете ми во коментарите подолу па да споделиме искуства.

4 comments:

  1. Кога ја опишуваше твојата коса ептен си се пронајдов хаха, па дефинитивно ќе морам да ја испробам и јас маскава. Инаку од мене имаш препорака за Lorys маските за коса, ептен се добри.
    https://studsandsilvermemories.blogspot.mk/

    ReplyDelete
    Replies
    1. Каде можам да ја најдам Lorys маската баш би сакала да ја пробам. :)

      Delete
  2. ing center for 3 to four hours on daily basis and trained your whole body on a daily basis. That has since transformed nowadays. http://www.healthsupreviews.com/alpha-prime-elite/

    ReplyDelete
  3. И мене кога ми беше долга косата, ми беше доста слична на твојата, според ова што го опишуваш.
    Сум користела и маски со арганово масло, стари, нови, препорачани, но секогаш сум се враќала на маската на Genera со црвено капаче, која содржи оризово масло.
    Никогаш не ме разочарала :)

    А кога станува збор за шампони, моментално му давам шанса на најновиот на Nivea со млеко, меѓутоа за мене најефективни се шампоните на Pantene ;)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete