Wednesday, December 21, 2016

Golden Rose Powder Contour Kit Review



Голден Роуз се повеќе и повеќе ме изненадува со новите производи и со квалитетот што го нуди по многу пристапни цени.
Денес ви пишувам за палетата за контурирање која што од кога ја купив непрекинато ја користам, како за дневен така и за вечерен изглед.

Паковањето е едноставно како и кај другите производи на Голден Роуз, мене ми се допаѓа затоа што е многу практично, квалитетно е изработено, мат и не е преголемо па можете да го носите со себе кога патувате.
Во самото паковање добивате 2 нијанси за контурирање и 1 хајлајхтер. Сите 3 се мат. На самото паковање е објаснето како се користат производите што е многу практично ако сте почетиници во шминкањето.




Пигментацијата е средна и тоа многу ми се допаѓа затоа што лесно можете да си го одредите интензитетот и нема шанци да претерате при нанесување. На допир се по тврди и не се ронат при нанесување што е голем плус.
Јас ги користам со четки со потврди влакна, омилени за таа намена ми се двостраната четка од Jumbo  иако е многу евтина има одличен квалитет и ми е омилена за нанесување на бронзер, и четката на Голден Роуз за контурирање.


Во самата палета како што прочитавте погоре добивате 3 нијанси:

Најсветлата нијанса се користи за хајлајт, јас ја користам за фиксирање на коректорот и многу ми се допаѓа за таа намена.

Добивате и бронзер, топла кафена нијанса, ја користам пред да контурирам нијансата соврешено ми одговара на тенот.

И во палетата добивате темна нијанса за контурирање која што е прекрасна ладна кафена нијанса совршена за истакување на природните црти од лицето. Оваа ми е најкористена нијанса во палетата и верувам дека ќе одговара на сечиј тен.

*На фотографијата подолу ја имам користено палетата за контурирање, ја користев за вечерен изглед затоа ја имам нанесено по драматично.


Трајноста исто така му е одлична, иако сметам дека тоа многу зависи и од пудрата што ја користите.
Исто  така јас често ги користев и како сенки за очи и сум презадоволна.

Цена 300 ден.
Можете да го најдете во сите продажни места на Голден Роуз.

1 comment:

  1. Amazing post

    Love Vikee
    www.slavetofashion9771.blogspot.com

    ReplyDelete