Monday, October 10, 2016

Makeup Revolution Iconic Pro 2 Review + Swatches


Конечно ви пишувам пост за сенките на Makeup Revolution. Денес ќе читате рецензија за палетата којашто ме освои на прв поглед а што мислам за неа ќе прочитате во текстот подолу.

Оваа палета содржи 16 сенки, 8 мат нијанси(првиот ред) и 8 сјајни/ седефасти сенки(вториот ред) плус двострана четка.
Тоа што најмногу ми се допадна кај оваа палета е тоа што самите нијанси се совршено одбрани да одговараат една со друга и со само една палета можеме да експериментираме со по нежен дневен изглед  и по гламурозен вечерен изглед.





Текстурата на допир е потврда и мислев дека и пигентацијата ќе биде слаба кога ќе ги нанесувам со четка, ама баш напротив сенките имаат одлична пигментација.
Мат нијансите не се ронат при нанесување, освен црната сенка која што е со многу тврда текстура и има многу слаба пигментација.
Кога ги користев најчесто користев база за сенка и фасцинирана сум од трајноста, траат се додека не ги избришам.
Ако не користам база, после неколку часа се собираат и избледуваат, ама имам многу мрсни капаци па истиот пдоблем го имам и со многу поскапи сенки како Mac, Estee Lauder, Clinique итн.
Во самата палета добивате плус двострана четка за нанесување на сенките. Се изненадив од тоа колку четката е квалитетна и колку совршено и прецизно ги нанесува сенките.



Палетава ви ја препорачувам да ја пробате, мене ми е прв избор за секојдневен изглед а и кога одам на патување затоа што има се што ми треба. Цената е многу ниска за една ваква квалитетна палета. Можете да ја најдете во продавниците на Golden Rose козметика.

2 comments:

  1. Одличен пост :)
    А која е цената на палетава ?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ti blagodaram. :)
      Cenata na paletata e 695den. :)

      Delete