Thursday, October 6, 2016

Jade Hair Straightening Ceramic-Tourmaline Brush Review


Од кога објавив слика и видео на Инстаграм од оваа керамичка четка за исправување на косата непрекинато добивам пораки од многу девојки кои што се заинтересирани да ја пробаат. Четкава е од Irresistible Me, керамичка е што значи помалку ја оштетува косата.

Дојде спакувана во прекрасна кутија, се изненадив од тоа колку е голема и професионална четката очекував дека ќе биде многу помала.





Пред да пишувам било што да ве запознаам малку со мојата коса. Косата ми е долга и густа, ми треба многу време за да ја исушам а природна не е ниту права ниту виткана. Што значи морам или да ја пеглам или да ја виткам затоа што изгледа бушаво. Најчесто ја исправувам со пегла за коса, ама со често пеглање многу ми се оштети косата, а и со пеглата ми се губеше волуменот од косата.


Четкава за мојата коса е совршена! Ми ја исправува косата, не ми се губи волуменот, косата добива поголем сјај и што е најважно не ми ја гори косата.
Јас оваа четка ја употребувам така што ја разделувам косата на неколку прамени, и буквално како да ја чешлам косата а на врвовите повлекувам навнатре и добивам ефект на фенирана коса. Најдобро од се нема шанци да се изгорите.


Исто морам да напоменам ако планирате да ја купите дека треба да си купите плус адаптер, затоа што доаѓа со САД приклучок. :)


Многу ми се допаѓа четкава и од кога ја имам немам употребено пегла за коса. Исто морам да ви напоменам дека со оваа четка нема да добиете ист ефект како со пегла за коса, оваа четка ја исправува косата ама повеќе изгледа како фенирана, како што можете да забележите од сликите погоре.

Можете да си ја порачате од нивната официјална страна http://www.irresistibleme.com/ по цена од 69$.


No comments:

Post a Comment