Friday, October 14, 2016

Avon Nutra Effects BB Cream Review


Знаете дека сакам пудри со голема покривност и мат финиш затоа што имам комбинирана/мрсна кожа, ама некогаш тие пудри ми се тешки за лицето па често купувам ББ креми за оние денови кога кожата ми нема никакви недостатоци и сакам само да изедначам тен и да добијам свеж изглед. Омилена ББ крема ми е на Авон од Nutra Effects мат верзијата.

Кога прв пат ја купив бев загрижена за нијансата затоа што иако го носи името "light" сепак изгледа претемно, а изборот на нијанси е многу мал, има само две "light" и "medium".
Иако на прв поглед изгледа темно, кога ја нанесувам на кожата совршено се изедначува со мојата боја на кожа, ама сепак ако сте многу светла оваа нијанса нема да ви одговара.




ББ кремата е спакована во практична туба од 30мл. Текстурата на пудрата е кремаста и густа, многу лесно се нанесува и совршено се изедначува со кожата, покривноста е лесна и се надоградува до средна. Иако пишува мат, на кожата дава свеж полу мат финиш и мислам дека одлично ќе одговара на секаков тип на кожа.

Трајноста е добра, после 4-5 часа благо светнувам на т-зоната ама со малку камена пудра се се средува.
После нанесувањето на бб кремата чекам да се фиксира, па потоа нанесувам малку камена пудра, затоа што ако не ја фиксирам со камена пудра ми се пренесува, на телефон, облека и побрзо ми се брише од лицето. Ама ако имате сува кожа немате потреба од камена пудра.

(На сликата имам нанесено само ББ крема)


( Вака изгледа ББ крем плус коректор и камена пудра, бронзер и руменило)
*Фотографиите не се едитирани

Јас ја препорачувам оваа ББ крема, јас веќе си го порачав и второто паковање. Цената е многу пристапна а и често можете да ја најдете и на попуст. За секојдневна употреба е супер затоа што и има и заштитен фактор спф 15.

Дали вие ја имате користено оваа бб крема?
Која ви е омилена бб крема?

2 comments:

  1. Која камена пудра ја користиш на сликава? Многу убаво изгледа

    ReplyDelete
    Replies
    1. Rimmel Stay Matte, i nemam probano podobra kamena pudra od ovaa :)

      Delete