Wednesday, September 7, 2016

Ingrid Cosmetics Professional Translucent Powder + Baking Make up Technique


Имам комбинирана/мрсна кожа па неможам да се замислам да не ја фиксирам течната пудра со камена или пудра во прав.
Се повеќе и повеќе користам пудра во прав особено на местата од лицето каде што користам коректор. За некои по специјални пригоди или кога шминката треба да ми трае цел ден користам baking техника или т.к.н. техника на печење што е многу популарна меѓу мејк-ап артистите.
Baking техниката би требало подобро да го фиксира коректорот под очите и шминката да ја направи подолготрајна. Ефектот од оваа техника ќе го постигнете така што ќе нанесете коректор под очите или на местата каде што секогаш го нанесувате, потоа со влажно сунѓерче за шминка нанесувате поголема количина од пудрата во прав и ја оставате да отстои неколку минути на кожата, па потоа со четка за камена пудра ја отстранувате пудрата во прав и тоа е тоа. :)
*На видеото подолу е детално објаснето како изгледа baking техниката:





За да ја постигнам оваа техника ми требаше пудра во прав што ќе ми даде мат изглед а сепак нема да ми ја исуши кожата. Решив да ја пробам пудрата во прав од Ингрид козметика која што е новитет на македонскиот пазар а и на интернет нема многу рецензии па незнаев што да очекувам. 


Самата текстура од пудрата е свиленкасто мека буквално се топи на кожата. Дава поптолно мат изглед и пудрата ја прави подолготрајна. Ја користам скоро 2 месеци и не е ни до половина потрошена, потребна е многу мала коричина за цело лице.

За цена од 350 ден добивате 10 гр производ. Единствен голем минус е паковањето кое што е исто кај сите производи од овој вид, и при нанесувањето се креира бел облак и пудрата лета насекаде особено ако ја нанесувам со поголема четка.
Многу позитина страна е што изгледа одлично на фотографии и не се познава на слики со блиц(таков проблем имав со пудра во прав на Аура).

Совет плус: После нанесувањето на течната пудра почекајте неколку минути да се фиксира, потоа нанесете од пудрата со тапкање па со лесни кружни движења со четката нанесете ја на целото лице за по беспрекорен изглед.

Јас сум задоволна, и нормално би ја купила повторно особено за baking техника ми е одлична. Ако имате многу мрсна кожа можете да ја користите во комбинција со вашата омилена камена пудра.

Цена 350 ден, можете да ја најдете во сите подобро снабдени дрогерии низ Македонија.

3 comments:

  1. Супер Азизе ,баш ми е мило што можам некаде да прочитам нешто за Ингрид козметика,заинтересирана сум да пробам нешто.Кога ќе ја пробам пудрата ,ќе пишам како ми се допаѓа.
    Поздрав :) <3 emoonlight .

    ReplyDelete
  2. odlicen post :)


    http://donnaoctober.blogspot.mk/
    https://www.instagram.com/donnaoctober/

    ReplyDelete
  3. Amazing video

    Love Vikee
    www.slavetofashion9771.blogspot.com

    ReplyDelete