Friday, September 30, 2016

Catrice All Round Concealer Review


Денес ќе читате рецензија на палетата со коректори на Картис а што мислам за неа ќе прочитате во текстот подолу.

Коректорите се спаковани во квалитетно пластично паковање со транспарентен капак. За цена од 239 ден добивате 6г производ.
Во палететата добивате:
  • Зелен коректор-  служи за неутрализирање на црвенило
  • Розев коректор (боја на лосос) - за неутрализирање на темните кругови под очите
  • Беж нијанси - за прекривање на неправилности (флеки, акни итн.)


Јас од оваа палета најмногу ги користам розевата и зелената нијанса.
Розевата и зелената нијанса ги користам пред да нанесам течна пудра, имаат средна пигментација, ако немате многу големи неправилности без проблем ке ги покријат. Лесно се нанесуваат и се блендаат со кожата. На почеток се потврди ама со тек на користење стануваат по лесни за употреба. 
Најсветлата беж нијанса ја нанесувам откако ќе ја нанесам течната пудра и ја нанесувам само за хајлајт (осветлување) под очите, на носот, брадата и малку на челото, затоа што има слаба покривност па ја комбинирам со по покривни течни пудри.
Другата беж нијанса (четврта по ред во палетата) ја користам под веѓите за да ги дефинирам, и ми е одлична за таа намена.
Најтемната нијанса во палетата ми остана не искористена, мислев дека ќе биде одлична за контурирање ама преферирам по темни и по пигменирани нијанси за таа намена.

Исто морам да напоменам дека се работи за помрсни коректори па потребно е да ги фиксирате со камена пудра или пудра во прав.

Оваа палета би ја препорачала на девојки што немаат многу што да покријат затоа што оваа палета нема преголема пигменираност. Ако сакате коректор со голема покривност ви го препорачувам да го пробате Camouflage Cream (кликнете ТУКА за да ја прочитате целосната рецензија).


Овие коректори најдобро се нанесуваат со прсти или со сунѓерче, јас го користам мини сунѓерчето на ebelin за коректори, и сум многу задоволна. 

Мене ми се допаѓа оваа палета, лицето ми е чисто некогаш имам само по неколу мали акни на брадата или кога не спијам доволно имам подочници па оваа палета ми е спас. Ви ја препорачувам да ја пробате затоа што за таа цена е одлична.

Дали вие ја имате пробано оваа палета и дали ви се допаѓа?

3 comments:

  1. Полоши коректори од овие во оваа палета не сум пробала. Пигментацијата не е ни средна. Кога ќе ги избледираш во кожата како да не си ставил ништо а истовремено влошуваат се што ќе ставите одозгора... artdeco camouflage коректорите се прекрасни за корегирање несовршености.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Затоа и напоменав дека имаат мала пигментација и помрсна текстура.
      Ама пак за цена од 230 ден мислам дека се баш одлични барем зелениот и розевиот коректор.
      Инаку фала ти за препораката баш подолго време се мислам да го пробам коректорот на Artdeco.

      Вакви палети со коректори има и на Голден Роуз се надевам дека тие имаат подобра пигментација. :)

      Delete
  2. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete