Saturday, August 20, 2016

Max Factor Masterpiece Eyeshadow Palette Review


Денес ќе читате рецензија за еден од новитетите на Макс Фактор се работи за преубавата палета со сенки во нијанса 03 Rose Nudes
Палетава беше љубов на прв поглед, нијансите се совршено одбрани да одговараат за креирање на понежен дневен изглед и по драматичен вечерен изглед. Самата палета е составена од сенки со различни текстури и нијанси кои што се подредени од насветла до најтемна. На овој начин без многу труд ќе постигнете ефект на професионален мејкап изглед.


Самото паковање е минималистичко во стил на Макс Фактор. Пластично паковање со транспарентен капак на кој што е испишано логото од брендот. Во оваа палета добивате 7 сенки во розевкасти нијанси и дуо апликатор кој што е одличен за нанесување на светкавите нијанси од палетата.


Сенките на допир се кадифено меки, одлично пигментирани и се сенчаат совршено.
Светлите светкави нијанси се одлично пигментирани и најдобро се нанесуваат со апликаторот во палетата. Единствена замерка ми е што малку се ронат при нанесување, особено мат нијансите па затоа би ви препорачала секогаш прво да ги шминкате очите потоа лицето.

Јас најчесто нанесував база за сенка пред да ги користам сенките од палетата и фасцинирана сум од трајноста.Траат цел ден се додека не ги избришам, не избледуваат ниту пак не ми се собраат во линии.

(Вака јас се нашминкав за вечерен изглед, за дневен изглед нанесувам само од првите 3 нијанси од палетата малку маскара и тоа е тоа.)


Јас сум заљубена во оваа палета особено дека немам многу сенки во вакви розевкасти нијанси, а оваа палета е полн погодок затоа што самите нијанси се многу носливи и одлично се комбинираат една со друга.

5 comments:

  1. Прекрасно Азизе , продолжи со добрите рецензии . :) Само ме интересира дали би можела да ја набавам Охрид или Струга ?:*

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ti blagodaram mnogu milo mi e sto ti se dopagjaat. Inaku da vo Struga vo parfimetija Elite bi trebalo da ja ima. :)

      Delete
    2. Благодарам , чекам нов туриторијал на you tube :)

      Delete
  2. Дали во некоја наредна прилика би можела да напишеш пост за целата твоја makeup колекција (како изгледа и во што ја чуваш,) која што без сомнение би изгледала прекрасно. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Да многу добра идеа само што катчето сеуште не ми е досредено како што сакам, да го до средам и секако следи пост за тоа. :)

      Delete