Sunday, August 21, 2016

Golden Rose LongStay Gel Eyeliner Review



Секогаш кога се шминкам по драматично нанесувам гел туш. По прецизен е, добиваш одлична линија, пигментираност и трајност.
Во новата колекција на Голден Роуз забележав гел тушеви, нормално дека морав да ги пробам.

Овој туш е достапен во 3 нијанси кафена, сина и црна од кои што јас ја имам црната.

Паковањето е стандардно за гел туш, спакован е во мала теглична од 2,5мл и во самото паковање е вградена четкичка која што за мене е тотално без корисна ама можеби вас ќе ви се допадне.


Имам пробано гел тушеви од L'oreal, Maybelline, Essence, Avon  и од сите на некој начин си бев задоволна како од пигменираност така и трајност ама ниту еден од тие тушеви нема ваква посебна текстура како овој на Голден Роуз.
Самата структура е премногу кремаста, прелесно се нанесува, а она што најмногу ме изненади е пигменираноста. Остава многу црна линија која што за многу кратко време се фиксира.
Јас го користам на внатрешната линија на окото и не мрднува цел ден. Исто така одличен е како за база за зачаден изглед затоа што додека е сеуште "влажен" одлично се сенча и се соединува со сенките.
Го имам скоро 1 месец и сеуште е ист како моментот кога почнав да го користам.
Како и секогаш морам да бидам искрена, мене на почетокот ми се пренесувше на капакот, ама морам да напоменам дека имам премногу мрсни капаци па ист проблем имав и со гел тушот на Loreal, ама сега после некое време од користење немам таков проблем, а и често пред да го нанесувам на капакот, прво користам база за сенка или само поминувам на капакот со камена пудра.

(На сликата го користев гел тушот на Golden Rose, бојата е преинтензивна, мат и многу долготрајна).



Мене многу ми се допаѓа и го користам третото паковање од тушов, а и често  го користев кога шминкав други. Исто би ги купила и останатите бои од тушов, особено кафениот мислам дека би бил одличен за пополнување и обликување на веѓите.


Дали вие го имате пробано овој туш и како ви се допаѓа?
Каков вид на туш повеќе преферирате гел туш, во форма на фломастер, или течен?

1 comment:

  1. Nice post

    Love Vikee
    www.slavetofashion9771.blogspot.com

    ReplyDelete