Tuesday, August 16, 2016

Byphasсe Purifying Cleansing Gel & Micellar Water Review




Byphasse е бренд за кој што читав многу рецензии по козметични блогови и најчесто имаше многу позитивни критики па затоа и јас едвај чекав да ги пробам.
Денес ќе читате рецензија за мицералната вода и за гелот за миење на лице а што мислам за нив ќе прочитате во текстот подолу.


Byphasse Miceral Water

Оваа Мицерална вода би требало да ја одстранува шминката, да ги исчисти природните масти од лицето и да ја негува кожата. 
Кога почнав да ја користам имав големи очекувања и искрено не бев разочарана затоа што ги исполни сите мои очекувања. Чисти без проблем секаков вид на шминка и дури и водоотпорна. Исто така често ја користев и кога немав ниту најмалку шминка на лицето и само со еден потег ја отстрана целата нечистотија од лицето. Најдобро од се беше што не ми предизвикува никаква негативна реакција на кожата. 
Иако после користење на водата нема потреба да се плакне лицето со чиста вода, јас секогаш користам плус гел за миење на лицето за да ги отстранам остатоците од шминката. 

Водата е смесмена во пластично практично шише од 500мл и е со цена од 310 ден.
Водава ја користам 2 месеци и не е ни до половина потрошена. Ви ја препорачувам да ја пробате затоа што е предобро средство за отстранување на шминката и вреди многу повеќе од цената што ја има.


Byphasse Gel Wash


Гелови за лице користам секојдневно и најчесто секогаш купувам најразлични со цел да пробам повеќе за да видам кој најмногу ќе ми одговара. 
Овој гел го пробав затоа што имаше одлични критики.
Спакован е во туба која што не ми е баш најомилена затоа што најчесто земам повеќе производ од потребното и горниот дел од тубата ми се размачкува со гелот.

Гелот има многу убава кремаста текстура, се чувствува како да нанесувам гел/крем на лицето, при нанесувањето не прави пена како другите класични гелови. 
После нанесувањето лицето не се чувствува затегнато, ниту пак суво баш напротив изгледа многу свежо и спремно за негата што следи.

Не одстранува шминка па ако го купувате за таа намена овој производ не е за вас. Јас најчесто го користам навечер после одстранување на шминката од лицето со мицерална вода и на сабајле кога кожата ми е најмрсна. 

Задоволна сум за таа цена е супер, премногу е нежен па девојките со сува и нормална кожа ќе го обожаваат, кожата летово ми беше дехидрирана и при миење со гелов не почуствував никакво пецкање што е голем плус.


Byphasse Makeup remover wipes
Ретко кога користам влажни марами за одстранување на шминка затоа што скоро секогаш ми ја иритираат кожата. Ги пробав овие на Byphasse и ми оставија добар впечаток затоа што со само еден потег ја одстрануваат шмината од очите и лицето а потоа кожата е мека и чиста. Најчесто ги користев кога доаѓав касно дома и немав време за целосна нега на лицето. Ако користите ваков тип на одстранување на шминката ви ги препорачувам да ги пробате затоа што имаат хидратантни и тонизирачки млечни протеини и воедно ја негуваат кожата.



Овие производи можете да ги најдете во сите подобро снабдени дрогерии низ Македонија или онлајн на www.parfimerija.mk  ако имате сметка над 1.000 ден добивате безплатна поштарина до дома.

No comments:

Post a Comment