Thursday, June 9, 2016

Soufeel Bracelet Review



Пред извесен период ме контактираа од www.soufeel.com да направам рецензија на нивните белегзии кои што се многу популарни меѓу блогерките. Нормално дека прифатив затоа што моделите што ги видов на интернет беа прекрасни.
Пакетчето ми стигна брзо, безбедно и одлично спаковано. Добив мала кеса за чување на алката и приврзоците. Многу фер и професионално од нивна страна што ми дозволија сама да си ги изберам приверзоците што ги сакам, а тоа не беше воопшто лесено затоа што има навистина многу избор и прекрасни модели.



Јас избрав приверзоци од работи што многу ми значат. На сликите подолу можете да видите кои се тие:

1. Приверзок со натпис "I Love My Family" затоа што фамилијата ми е најважна.


2. Приверзок со слика од дечко ми, искрено ова не ни очекував дека ќе испадне толку убаво и квалитетно! Мене многу ми се убави и интересни вакви работи, и секако ова е еден одличен подарок за некој што ви значи, еве линк од каде можете да си порачате и цена SOUFEEL.




3. Приверзок со фото апарат, има многу емоционално значење за мене а и изгледа преслатко.


4. Приверзок со мал црвен кармин, овој го избрав затоа што шминката ми е најголема страст, и е нешто што ме прави многу среќна.



5. Приврзок со сини камења, за ова немам некое емоционално значење, многу ми се допадна бојата а и самиот дизајн и ми се допадна како се вклопува со останантите.





Исто така морам да напоменам дека производите на SOUFEEL се изработени од сребро и на порачка од над 50$ имате безплатна поштарина.


Ако ви треба поклон за некој близок а не можете да се одлучите што, јас ви  препорачувам да си ја разгледате страната наSOUFEEL, затоа што верувам дека секој ќе си најде нешто по вкус.
Исто така имате 5% попуст на првата порачка само внесете го кодот BLOG5.


1 comment: