Thursday, June 23, 2016

Max Factor Voluptuous False Lash Effect Review


Не паметам кога последно сум излегла од дома без маскара, и дека ми е еден од производите што најмногу ги користам исто така многу често купувам и сакам да пробам што поразлични.
Макс Фактор ми е омилен бренд кога се во прашање маскарите и дома обавезно имам барем една маскара од овој бренд. Денес ќе читате рецензија за најновата маскара од Макс Фактор Voluptuous Lash Effect.


На прв поглед привлекува самото пакување, изгледа прекрасно класично како маскарите од Макс Фактор само што е во впечатлива тиркизна и златна боја.
Најголемо изненадување за мене беше четката, не очекував да биде толку голема и со таква уникатна форма која што е поразлична од се што имам користено до сега. Самата четка е пластична со кратки влакна/запци кои што се извртени 360° за да може полесно да допре до коренот на трепките, да им даде волумен на трепките и да ги подигне.


Искрено мене четката не ми се допадна многу, затоа што е  преголема па најчесто завршувам со маскара под очите, од друга страна пак одлично ги расчешлува трепките, ги издвојува и дава убава должина.
Не забележав многу волумен па затоа оваа маскара би била одлична за секојдневна употреба а ако сакате ултра волумен би ви ја препорачала Masterpiece Transform за која што веќе пишував рецензија (кликнете ТУКА за да ја прочитате рецензијата).
За да добиете ефект каков што посакувате со оваа маскара треба да бидете трпеливи и да додадете неколку слоеви. Најпозитивна страна е што е премногу долготрајна и дури и во овие високи температури ниту најмалку не ми се размачка под очите. Исто така многу лесно се одстранува што е голем плус.



Со еден слој 

Со 3 слоеви


Оваа маскара ми се допаѓа иако четката не ми е најомилена, ако сте трпеливи се добива многу убав ефект на трепките и што е најважно многу долготраен.

Дали вие ја имате пробано оваа маскара?
Која ви е омилена маскара од Макс Фактор?

1 comment:

  1. Amazing review

    Love Vikee
    www.slavetofashion9771.blogspot.com

    ReplyDelete