Tuesday, June 7, 2016

Eveline Color Sensation Foundation Review


Денес ви пишувам за уште една течна пудра која што ја користам веќе еден месец. Уште од моментот кога ја објавив на страната на фејзбук имаше многу заинтересираност па затоа денес ќе читате рецензија на новата течна пудра од Eveline Cosmetics Color Sensation.





Што вели Eвелин за пудрата
"Долготрајна течна пудра нуди интензивно покривање без да направи ефект на маска. Совршено избрана палета на полимери и пигменти прекриени со микро слој од силикон ја прават пудрата скоро незабележлива на лицето.
Кремастата и густа формула на пудрата идеално се вклопува во тенот давајќи му ефект на кашмир."




Како што веќе видовте на сликите самата пудра е сместена во прекрасно шишенце од 30мл во златна боја кое што е изработено од квалитетно стакло и најважно има пумпичка.

Има прилично густа текстура, најдобро се нанесува со сунѓерче или со прсти, за цело лице потребно е двапати да стиснете на пумпичката за совршена количина.
Има лесно до средно прекривање зависи од тоа како преферирате и дали ќе надоградувате. Дава преубав финиш, полу мат, природен без ефект на маска. Нема многу големо прекривање па ако имате акни/флеки оваа пудра нема да ги покрие ама за тоа го имаме коректорот.
Многу ми се допаѓа што сепак може да си ја видиш сопствената кожа.


(На сликата имам нанесено само од пудрата и малку транслусцентна камена пудра, немам коректор. Можете да приметите дека ми се познаваат пегите и дека оваа пудра изгледа како кожа).



 Јас после нанесувањето ја оставам да се фиксира на кожата па потоа нанесувам плус камена пудра на т-зоната за да добијам потполно мат финиш.
Имам мрсна т-зона па во текот на денот после 5-6 часа имав потреба за мала поправка не користев плус камена пудра туку само со марамче тапкав по мрсните делови.
По максимални 10-11 часа јас сеуште ја имав пудрата на лицето што беше големо позитивно изненадување, затоа што најчесто после7-8 часа ја пудрата ми се брише од мрсните делови од лицето.
 Нормално не изгледаше како моментот кога ја нанесов после толку часа се чуствуваше по тешко затоа што веќе ги чувствував природните масла од лицето ама сепак не беше избришана од лицето.


Исто морам да напоменам дека на секоја кожа е со различен ефект, многу голема улога има негата на кожата, со правилна нега и основа скоро секоја пудра изгледа убаво.

Во Македонија се достапни вкупно 5 нијанси јас ја имам нијансата втората по ред 103, има жолт/неутрален подтон. После нанесувањето приметив дека малку ми оксидира и малку ми дели од вратот.

Мене оваа пудра многу ми се допадна, иако преферирам фул поктивност за секој ден оваа е една одлична долготрајна пудра.



Цена 370 ден.


2 comments:

  1. Подтон, нема никаква логика да се пишува подон :)
    Во сите постови имаш грешки

    ReplyDelete
    Replies
    1. Грешката е поправена. :)
      Поздрав и имај убав ден.

      Delete