Tuesday, June 21, 2016

Bourjois Rouge Edition Velvet Review



Мат кармини обожавам! Имам многу и на голем дел од тие негативната страна им е што многу ми ги сушат усните, денес ќе читате за еден мат кармин со одлични каракатеристики се работи за мат карминот на Bourjois Rouge Edition Velvet во нијанса Plum Plum Girl 14.

Карминот е спакован во пластично, проѕирно паковање со сунѓераст апликатр кој што е во форма на буквата V за полесна апликација.
Самата текстура е течна, средно пигменирана и многу кремаста.
Се нанесува многу лесно, буквално се лизга по усните, јас го нанесувам во 2 слоја за поинтензивна боја.

Премногу е кремаст, до сега немам користено кармина со ваква кадифена текстура.
Трајноста му е одлична јас го носев до 6-7 часа без никаква поправка.
Поради кремастата текстура овој кармин ниту најмалку не ми ги суши усните, ниту пак ми се собира  во внатрешноста на усните што е голем плус.
Единствена негативна страна според мене а според некои би било плус е што му треба подолго време да се исуши во мат. Ама ако сте бавни во нанесување на ваков тип на кармини тогаш ова би бил голем плус за вас затоа што ќе имате доволно време прецизно  да го нанесете.

На сликите подлу можете да видите како стои на усните, во живо бојата е многу многу поубава.




Дали вие го имате пробано овој кармин?

5 comments:

  1. kukla!


    http://donnaoctober.blogspot.mk/

    instagram.com/donnaoctober

    ReplyDelete
  2. Mnogu sakam mat karmini, no izgleda deka nesto ne umeam so niv-uzasno mi stojat. Ovoj tvojov e prekrasen, prekrasno ti stoi i bojata e mnogu ubava

    ReplyDelete