Saturday, May 7, 2016

Golden Rose Makeup Primer Luminous Finish Review

   

Денес ќе ви пишувам за новата база за течна пудра на Голден Роуз. Јас ја имам базата за сјаен луми ефект а што мислам за неа ќе прочитате во текстот подолу.

Сигурно ќе се зачудите како јас со комбинирана/мрсна кожа користам база со сјаен ефект.
Искрено на почеток и јас не сакав ни да пробам да ја користам затоа што сметав дека немам потреба од дополнителен сјај на моето веќе масно лице. Но, кога користам течни пудри со мат ефект имам потреба од база што ќе направи пудрата да изгледа по природно на лицето и да не ми ги истакнува сувите делови. Таков проблем имав со пудрата на Estee Lauder Double Wear, па оваа база направи чуда на моето лице.




Базата е во бела боја и има мали светки во самата текстура. Има густа текстура па потребна е многу мала количина за целото лице. Јас ја нанесувам на по сувите делови од лицето како што се образите и челото, и многу малку на носот и на брадата.

Тоа што најмногу ми се допадна беше што дава многу природен дури и не заприметлив сјај на лицето што е одлично за девојките со комбинирана кожа. После нанесувањето се впива во кожата и дава блескав тен, не изгледа мрсно ниту пак се чуствува тешко на лицето. Исто така одлично ги пополнува и порите и ги прави помалку видливи.

Базата е спакована во пластично шишенце од 30мл со пумпичка и излегува доволно производ за цело лице.
Базата исто така можете да ја мешате со течната пудра за да ја осветлите, или да ја нанесете само на некои делови од лицето што сакате да ги осветлете за хајлајт. Јас не би пробала затоа што преферирам хајлајетри во камена форма ама ако имате сува кожа мислам дека би изгледало многу убаво.



Исто така не ја хидрира кожата и не дава преголем сјај на лицето па ако имате многу сува кожа оваа база нема да ви го даде посакуваниот ефект затоа што после нанесувањето на течната пудра се губи сјајот.

Мене ми се допаѓа во коминација со мат течни пудри и би ја купила повторно. 


Дали вие ја имате користено оваа база?
Дали ви се допаѓаат производите на Голден Роуз?

 Пишете ми во коментарите подолу кои ви се омилени бази па да споделиме искуства. :)

No comments:

Post a Comment